Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Mицко тврди: Премиерот Заев ја заборави метлата

Премиерот Заев ја заборави метлата, и се врати на неговата вообичаена измамничка терминологија со која сака да го прикрие колективното уништување и пеплосување на државата, велејќи дека сме блескале.
Еве како измамнички блескаме.
Едно од неговите клучни ветувања, покрај она дека ќе донел живот, а гледаме како тој се претвора во пекол, беше и она дека ќе донеле 500 евра просечна плата. Просечната плата која сега се исплаќа е далеку од ветените 500 евра. Согласно ДЗС таа во првиот квартал од 2019 година (јануари 24 517 ден., февруари 24 192 ден. и март 24 590 ден.) изнесувала 24 433 денари, што е за нешто повеќе од 5 проценти помалку, односно е намалена споредено со просечната плата исплатена во декември минатата година кога изнесувала 25 784 денари. Се покажа точно она што го говорев, дека тогашното зголемување беше краткорочен привиден резултат како последица на зголемените даноци за оваа фискална година како и на тоа што во последниот месец од секоја година компаниите распределуваат дивиденда и бонуси на дел од вработените, што влијаеше на зголемување на просечната исплатена плата во декември минатата година. Она што е значајно да се напомене е дека ветените 500 евра плата со оваа измамничка влада стануваат невозможна мисија и уште една измама на Заев и СДСМ. За цели 2 години Влада на СДСМ, просечната плата се зголемила за скромни (споредено со регионот) 7 проценти, неследејќи го растот на трошоците за живот кои секојдневно се зголемуваат и го оптоваруваат семејниот буџет. Едноставно вредноста на 1 000 денари беше многу поголема пред неколку години, споредено со денес. И за да бидам математички прецизен, за да оваа Влада постигне 500 евра просечна плата под услов да го истера до крај својот мандат, тогаш просечната исплатена плата треба да порасне наместо вкупните 7 проценти од целиот досегашен мандат, за високи 22 проценти што е невозможно со вака исклучително неспособен економски цунами тим кој нема ниту еден успех зад себе. Единствено со што блеска оваа Влада се измамите, како оваа дека ќе има 500 евра просечна плата. Жално, но вистинито.

loading...