Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Mитко Чавков доби притвор во Шутка? Потврди ОЈО Митко бај бај

Дознаваме дека вечерва Митко Чавков добил притвор од куќен во Шутка што е причината не знаеме се претпоставува дека се обидел да бега! Во петокот требаше да се обзнани пресудата за 27 ми за МИТКО се спремни 10 години затвор.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка. Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.

loading...