Податоците од меѓународното следење на летови до кои ексклузивно стигна „Лидер“ покажуваат дека авион од моделот „SAAB 340A“ на унгарската компанија „FLEET AIR INTERNATIONAL“, во 12:45 минути од Виена тргнал кон скопскиот аеродром, а овде стигнал во 14:55 минути.

Овој „мистериозен“ авион на аеродромот во скопје се задржал 35 минути, по што во 15:55 минути по локално време се упатил кон Загреб.

Како што покажува неговото следење, пред да појде во Виена од каде се упатил кон Скопје, Авионот полетал од Бирмингем, Велика Британија.

Ниту од М-НАВ, ниту од ТАВ не откриваат што донел овој авион, иако како што дознаваме, компанијата под чија капа тој лета се занимава со карго достава, а позната е и по тоа што се пренесуваат пари во кеш.

„Економски Лидер“ до М-НАВ постави две прашања. Прво, како на затворен аеродром синоќа слетал авион од Виена и второ, што носел авионот со оглед дека по задржување од триесетина минути повторно одлетал за Виена?

Од М-НАВ го добивме следниот одговор:

-Се работи за Карго лет кој согласно одлуката од седница на Владата на Република Северна Македонија број 44-2147/4 од 16.03.2020, како и објавата во Сл. Весник број 66, и НОТАМ-от број 141 кој стапил на сила на 18.03.2020 година за затвореност на Интернационалниот аеродром Скопје се исклучок од забраната за слетување. Во однос на прашањето за тоа што носел воздухопловот ќе мора да се обратите до ТАВ ДООЕЛ Скопје, бидејќи ние не поседуваме такви информации.

Од ТАВ Македонија велат дека согласно Одлуката на Владата, Меѓународниот Аеродром Скопје е затворен за патничките летовиОттука, за сите информации поврзани со изземените типови на летови, како што се: карго, државни, воени, медицински, санитарни и хуманитарни летови, замолуваат да се контактираат надлежните државни власти.

Се обидовме да стапиме во контакт и со владиниот портпарил, кој од 19 до 22 март не ни одговори што порачала владата да стигне во Македонија и дали можеби се работи за медицинска опрема или пак за кеш пари за некој од тајкуните во власта, влез кој би морал да биде дозволен во владата?