Македонија

Милчин ја искоментира дивоградбата на советникот од ДУИ во Охрид

Македонија

Заболени
11,202
Мртви
505
Излечени
7,108
Активни
3,589
Last updated: 05/08/2020 - 04:11 (+02:00)

Откако денеска се случи отварањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, случајот го искоментира професорот Владимир Милчин.

„Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум“, коментира тој.

 

Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

Усеини ги советува новинарите да не се занимаваат со неговата дивоградба кај Чинарот во Охрид, туку, како што вели, да се интересираат за други дивоградби.

„Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен, расправајте се со други дивоградби“ – кусо изјавил Усени за ТВ 24 вести.

Иако општината Охрид издаде решение дека станува збор за двоградба, Усени наместо да го отстрани објектот, имаше свечено отворање.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker