Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

Маж и жена се обиделе да киднапираат 7-годишно девојче во Кисела вода

Три години постарата сестра ја спасила помалата во моментот кога сомнителните маж и жена сакале да ја намамат да влезе во нивниот автомобил.

policija_na_ulica1-670x366

Дека имале чудни намери сведочат децата кои во поголема група играле на широчинката на улица во скопската населба 11 октомври. Го виделе автомобилот со непознатите дека стои на страна на тротоар по што тргнал кон девојлината.

Прво на мета било исто седумгодишно девојче. Но тоа се исплашило и побегнало. Киднаперите не се откажале и повикале друго девојче на иста возраст.

Но во тој момент поголемата сестричка ја тргнала помала а на куќниот праг се појавила соседката. Додека таа свикала по децата киднаперите побегнале. Била алармирана полицијата која трага по опел астра црна боја модел караван, автомобил како што го опишале децата. Истиот автомобил е снимен на безбедносни камери кои се наоѓаат во близина. Сите прозори на автомобилот биле отворени .

Девојчината деновиве се справуваат со шокот од тоа што можело да се случи. Додека родителите, наставничката и директорката во училиштето се борат децата што побрзо да се сосемат од настанот нивната баба се бори за поголема заштита на сите деца во наслебата. Стигнала и до кабинетот на градоначалничката на општината Кисела Вода но таму биле примена од службеничка. Додека се случувал инциденот таа била дома само 50тина метри од местото каде можеа да исчезнат двете внуки.

По инцидентот во населбата патролираат двајца полицајци. Жителите населбата деновиве живеат во страв, адецата не ги пуштаат сами да изглегуваат на улица. Слушнале дека сличен настан имало и во населбата Аеродром. Полицијата 6 години трага по три деца исчезнати во кумановската населба Средорек.

Нивните роднини сведочеа дека биле киднапирани од мажи во црни автомобили.

loading...