Дали 22 годишната поранешна манекенка Борислава Јовчева ќе и пресуди на владата на Бугарија. Токму оваа девојка се споменува во аферата за можно перење на пари во Шпанија, поточно во Барселона.

. Таа и нејзиниот татко учествувале во две компании со седиште во Барселона – „Numin Invest SL” и „EMA BGS SL”, кои од 2013 година имаат добиено повеќе од пет милиони евра.

Во жалбата на невладината организација се тврди дека Јовчева и нејзиното семејство живеат во луксузна вила во Барселона за која шпанските власти се сомневаат дека е на Борисов.

Бугарскиот премиер демантира дека има куќа во Шпанија.