Search
сабота 25 јануари 2020
  • :
  • :

Мадам Брнз, да не се лажеме, “ Се роди бебето, сега треба некој да го ниша“.

Ваша Екселенцијо мадам Брнз , не верувам дека се лажите сами себе , туку знам и убеден сум дека сакате повторно и повторно да не излажите нас , граѓаните на Македонија.

Велите дека -„ напредокот што е постигнат во промовирањето на транспарентноста и одговорноста – и гаранциите дека за разлика од минатото, злоупотребите не се ставаат под тепих“?? Воопшто не е така, Вие тоа добро го знаете , дека има напредок во злоупотребите сега за разлика од минатото , злоупотребите и сега се ставаат под тепих, но најтрагичен преставува фактот , што токму на тие функционери ,кој се дебело влезени во коруптивни скандали,Вие им давате иселенички визи за САД, за да можат удобно да си ги трошат криминално спечалените пари,далеку од раката на правдата и , тоа не преставува никаква  нето позитивна придобивка за граѓаните на Македонија.

Говорите за некаква си слобода во Медиумите?!-„Состојбата со слободата на медиумите, како што додаде Брнз, е многу подобрена во однос на состојбата од пред само неколку години, односно денес медиумите можат слободно да известуваат и да ја повикуваат владата на одговорност, без страв од директна или индиректна одмазда“!!! И,во овој сегмент ,дебело сте ја промашиле вистината ,искрено не надевајќи се дека еден Амбасадор од највисок ранг , д не ја зане општата слика во медиумите , во една држава ,која е помала од едно предградие на Вашингтон?!

Ваша Екселенцијо мадам Брнз , вистината е сосема спротивна од она што вие го говорите . Ние новинарите , сосптвениците на медиумите сме под страшен притисок ,како од највисоките преставници на власта , до сосема локални полициски хиени , кој не бираат начини и средства на закани и омаловажувања. Дури и премиерот во една негова глупава изјава поврзана со случајот „Рекет“ ,истака дека немал да дозволи “Еден суетен Новинар и еден Педер“да ја паднат власта?!!

Треба ли да говорам за безбројните притисоци кој ги прават преставниците на власта , користејќи ги одредени портали (не заслужуваат име да им се спомене), секојдневно вршат клевети врз оние новинари кој се докажале како слободоумни , дури одат до таму , што далеку од секоја новинарска етика , далеку од човечност , вмешуваат и нивни деца?! Токму тие продолжени медијумски перјаници на владата и служат , слободно да се пресметуваат со оние , кој работат професионално,секако и вие добро знаете ,дека таквите “новинсрски владини мегафони“ се дебело финасиски наградени од самиот врв на владата.

Ваша Екселенцијо мадам Брнз, можеби во времето на Груевски , јавно се знаеше како нивната пропагандна машинерија работеше , тоа го знаеа и вашите претходници во Амбасада на САД, тоа вешто го сокривавте, потребен ви беше премолчен политички баланс, нешто што добро го одигра вашата тајна служба NCI.

Во едно сте во право , а тоа е следното : „Како прво, таа подгрева нестабилност со тоа што го поткопува доброто владеење и што дава простор на криминалните елементи да владеат. Ја уништува вербата во институциите. Нема ништо подеморализирачко и пообесхрабрувачко за било кој граѓанин од уверувањето дека системот е нечесен и дека луѓето кои се на позиција на моќ не подлежат на истите правила. Таа, исто така ги обесхрабрува бизнисите да инвестираат и ги одвраќа оние бизниси кои бараат правилата на играта да важат за сите подеднакво “, да точно така , верба во ниту една институција повеќе НЕМА!

Вие добро знаете ,дека единственото нешто за кој народ цела година маршираше по улиците, беше владеењето на законите , сите да бидат еднакви пред правдата. За жал , во последниве две години , се руши и тој сон на народото во Македонија.„Рекет“ успеа да ви избега и на вас и на ОБСЕ во Македонија, дознавте тек во месец мај,нешто што говори дека актерите добро изиграле диригирани од Исток, тоа го знаете добро и Вие , но и Јас.Се псотавува прашањето ,како тоа да ви избега Вас , додека ете мојата маленкост „рекет“ го обзнани прв во Македонија пред точно две години.

Тогаш САД и ако беше известен молчеше, додека владата на РСМ , не прогласи за медиум кој ширел лажни вести ?!

Знаете  Ваша Екселенцијо мадам Брнз која е цената да бидете слободен граѓанин во Макеоднија ?

Цената е онаа да бидете апологет на власта , полтрон на власта ,на која и да било , тогаш во оваа држаава Македонија можеш да бидеш слободен граѓанин, дури за тоа и финасиски ќе те наградат,ма која власт да биде во прашање.

Ова е држава на корупција, држава каде владеат законите на Содома и Гомора, во ова држаава нормален граѓанин , тешко преживува , тој е нејзин непријател.

Распаднат Судски систем , распаднат јавно обвинителски систем, распадната политизирана полиција во сите сегменти, корумпираност од чевел до глава, за која демократија може ние да говориме во Македонија, кога дојде време и дете да запишеш во Градинка ,да мораш да си политички подобен?! Кој до сега одговоарал во Македонија, оној кој од мака да прехрани фамилија украл еден леб, другите се сите недопирливи.

Ваша Екселенцијо мадам Брнз, во Македонија дојде време , кога најголем срам е да се апсат криминалци, тоа се големи господа.

Всушност Вие премногу добро знаете што и како се случува ….,не е само „Рекет“ , ги има многу , но нашиот народ има една поговорка која гласи: “ Се роди бебето, сега треба некој да го ниша“.

Со почит

С.Денеосвски – главен и одговорен уредник на Охрид Скај

loading...