Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ НА ЦИПРАС: ЈА ЗАСАКА БЕТИ НА 13 ГОДИНИ, НО НИКОГАШ НЕ ЈА ОЖЕНИ

loading...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас (44),  важи за миленик кај дамите. Го носи прекарот “секси Алекси“. Неговата љубовна приказна е позната во Грција и трае 31 година. Како што пренесуваат грчките медиуми, во далечната 1987 година, кога имал 13 години и учел во средното училиште Амелокипои ја сретнал Перистера Базиана, позната во јавноста како Бети.

 

Заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина и заедно им се приклучиле на младите комунисти. Ципрас бил страстен спортист. Но, откако го повредил коленото, Бети го убедила да се посвети на политиката. Бидејќи живеел во близина на фудбалскиот стадион, тој редовно ги гледал речиси сите натпревари, посебно кога играл неговиот омилен клуб „Панатинаикос“. Сепак, политиката станала неговата животна определба.

Младиот пар уште тогаш бил политички активен и заедно предводел неколку протести, помеѓу кои и протестот против непопуларните реформи во образованието. Токму поради улогата и влијанието кои ги имала Бети во неговиот живот, во времето пред да стане премиер, грчките гласачи се прашуваа дали всушност Перистера ќе биде таа која ќе управува со државата од сенка.

 

 

Невенчаниот пар, кој со децении живее заедно во Атина, имаат два сина. Тие се обидуваат да го чуваат приватниот живот во дискреција, но сепак Бети, која во Грција ја нарекуваат и дамата која не носи Прада, привлекува големо внимание каде и да се појави. Светските медиуми внимателно го следат секое нејзино јавно појавување, а Гардијан ја опиша како љубовта од детството на премиерот, која е скромна, не купува брендирана гардероба и сама си ја средува фризурата. Семејството е познато и по тоа што не ужива во луксуз, односно живее во областа Кипсели во Атина, која е позната како срцето на работничката класа.

loading...