Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Љубен Пауновски го добил случајот против Македонија во Стразбур

Љубен Пауновски, поранешниот министер за одбрана, го добил случајот против Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, потврди Даница Џонова, в.д. директорот на бирото за застапување за „Телма“. За тоа ќе добие 2.100 евра оштета и 800 евра за покривање на трошоците од страна на државата.

Во април 2007 тој беше осуден на три и пол години затвор. Обвинението го товари за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Беше осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001, наводно преку два договора направени со фирма на негови роднини, а со кои државата Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки, Пред десетина години тој побара повторување на постапката во која беше осуден како првообвинетиот од четворицата осудени, заедно со неговиот дедо и баџанак и со тогашниот потсекретар во Министерството за одбрана.

Во Стразбур оцениле дека во неговиот случај има повреда на правото на правично судење во разумен рок. Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење

loading...