Како што информира Финансиската полиција, расположивите парични средства како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за финансиска полиција постапила по овој случај откако претхдно до неа е доставена Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК и лицата Е.Н. и Д.Н.. Во Пријавата е изнесено сомнение за сторени кривични дела со лажно прикажување факти, против Л.С. на која и уплатиле вкупно 16.095.600 денари. Притоа е склучен и нотарски заверен Договор за уредување меѓусебни обврски меѓу Л.С. и пријавителите, за изготвување Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права со цел обезбедување средства и со ветување дека за проектот на правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје, Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 евра.