Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ЛАПАЛ ЗИНГО МУ ГО ЛАПАЛ ЛАТАС, А НА ЛАТАС МУ ГО ЛАПАЛА ИВОНА…

ЛАПАЛ ЅИНГО, АМА ЛАПАЛ И ЛАТАС: Фирмите на Латас од владата на ВМРО ДПМНЕ за пропаганда наплатиле 115 000 евра

Истражувачката мрежа БИРН излезе со информација дека Сител и Канал 5 заработиле 25 милиони евра од владата на ВМРО ДПМНЕ. Овие податоци тие ги добиле од алатката Отворени Финансии.

Портал Мактел се обиде да ископа колку земале фирмите на Латас, Макс Медиа, Тотал Маркетинг и Тотал Медиа Центар. Тоа се фирмите за кои СЈО го гони екс уредникот на Сител за даночно затајување.

И дојдовме до фрапантни цифри. На фирмата Тотал Маркетинг и биле исплатени 115 000 евра од разни министерства како МВР на пример но и државни институции, најмногу преку Охридско Лето во периодот 2010-та до 2013-та година.

Ако на овие суми се додадат платите кои Латас ги земаше со уредничките позиции во Сител и Вечер кои ги држеше 10 години плус беше и професор на факултетот на Бојо, излегува дека Латас месечно не поминувал под 10 000 евра приходи!!!

А ако знаеме дека Сител и Вечер главно се финансираа од државни реклами, излегува дека ние сме го плаќале Латас 10 години дебело од наши пари за да не лаже.

И на крај како цреша на тортата, одбил да си плати даноци, малце му било што не покрал па и даноците ги украл?!?!

Така барем тврди СЈО, не ние…

ЛАПАЛ ЛАТАС, АМА ЛАПАЛА И ИВОНА: МЕЧКАТА ДОБРО СЕ ОМРСИЛА ОД ВЛАСТА НА ВМРО ДПМНЕ, НЕЈЗИНАТА ФИРМА СМАРТ ЦЕНТАР ИНКАСИРАЛА 58 ИЛЈАДИ ЕВРА

Oд алатката ОТВОРЕНИ ФИНАНСИИ на министерство за финансии може да се дознае дека фирмата СМАРТ ЦЕНТАР на Ивона Талевска од владата инкасирала околу 58 илјади евра во 2010-та година.

Исплатите пристигале од министерство за шумарство и земјоделие кое по правило им припаѓаше на социјалистите на Ѕинго.

Траншите биле по околу 10 000е месечно.

Инаку оваа алатка ги дава само парите директно од буџетот, а не ги прикажува парите од разните јавни претпријатија, акционерски друштва како Македонски Телеком, ЕВН и слични златни кокошки од кои најверојатно добивале и Латас и Ивона огромни суми.

Па така големи се шансите реалната сума која легнала на фирмите да е во милиони евра.

Инаку баш за оваа фирма таа беше тужена од СЈО за затајување данок и мораше да врати пари во буџетот на име неплатен данок:

Новинарката на „Вечер“ и „Сител“, Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“.

Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1000 евра како споредна штета, 2000 денари судски трошоци…

Од судот за „Макфакс“ одговорија: „Обвинетото физичко лице во предметот за кој се интересирате во целост ги има платено сите трошоци и утврдената сума во пресудата. Што се однесува до правното лице, извршувањето ќе се спроведе штом тоа ќе ја прими второстепената пресуда“. На осудената Талевска, судот ѝ го вратил пасошот, кој ѝ беше одземен како дел од мерките за претпазливост кои ги побара специјалното јавно обвинителство.

Според пресудата, Талевска како претставник на фирмата „Смарт“, која престанала да постои 2013 година, е задолжена да врати и приближно 18,6 илјади евра за затаен данок. „Смарт групацијата“, пак, треба да плати казна од 200 илјади денари и данокот кој бил затаен во износ од над 16 илјади евра.

Според обвинението на СЈО, Талевска 6 години без ниту еден вработен свртела милионски суми, а прикажувала дека за потребите на фирмите купувала долна облека, козметика, маси, столови, велосипеди, мобилни телефони, гориво, патни трошоци, хотели, авиони, лизинг за возило… Осудената ја намалувала основицата за пресметување на данокот на добивка прикажувајќи расходи кои не биле направени за вршење на дејноста на правните лица.

 

 

loading...