Search
сабота 18 јануари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

ЛАГА БИЛО ДЕКА РАБОТНИК ЗАПАЛИЛ ЏИП НА ГАЗДА ЗАРАДИ ПЛАТА СЕ БИЛО НАМЕШТАЉКА ОД ЕЛИНГ

,,ПИРОМАНОТ,, ЗАПАЛИ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

На 3 септември лани јавноста ЛАЖНО беше потресена и вознемирена за неименуван сопственик на фирма чиј џип бил запален а тој полиен со бензин, поради неисплата на неколку плати кон поранешен вработен. Не беше именувана ниту фирмата во која се случич ,,инцидентот,,. Вистина е дека била запалена гума од џип на ИВАН ИЛИЕВСКИ, косопственик на фирмата ,,ЕЛИНГ,, од Скопје, вистина е дека не се во прашање неисплатени плати, туку поранешен нерасчистен долг кон ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ, кој заедно со уште десетмина негови роднини и пријатели бил ангажиран од ИЛИЕВСКИ и неговиот партнер ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ, за основање на човек фирми, за врзување во синџир од фирми кои во Бугарија имале свои фантом пандани за извлекување и перење пари и огромни профити за корист на ДИМИТАР и ИВАН.

ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ вечерта на 3 септември отишол во ,,ЕЛИНГ,, да се расчисти со ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ кој кога го видел избегал од средба, а го втурнал ИВАН ИЛИЕВСКИ да се расправа со бесниот СТОЈАНОВСКИ. Според него, газдите на ,,ЕЛИНГ,, му должат стан и неколку десетини илјади евра затоа што им помогнал со врбување луѓе, негови роднини, да основаат повеќе фирми и да ,,перат,, пари за ,,ЕЛИНГ,,. Според Стојановски ,,бизнисот,, напредувал до полициската акција ,,АРИЕЛ,, во септември 2011 кога биле уапсени дваесетина луѓе и било прикажано дека криминалот тежи 22 милиони евра. Мене Стојановски ми сведочи дека биле во прашање 32 милиони евра кои завршиле во посед на ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ и ИВАН ИЛИЕВСКИ, а дека 10 милиони евра тие ги искористиле за откуп од вина и заминување во притвор и затвор во случај ,,АРИЕЛ,,. Биле пазарени полициски функционери и полициски инспектори, истражни судии и обвинители, за да се тргнат од случајот ,,АРИЕЛ,, газдите, а да настрадаат ситните риби, ,,перачите,, на терен. Па така, настрадале и завршиле во притвор десетмина, подоцна одлежале и затвор, а тројца од нив починале бидејќи патем изгубиле и здравје и биле отфрлени од семејствата и пријателите. Двајца од нив одлежале затвор од по 4,5 години: Златко Мајновски и Јонче Ѓорѓиевски. Овој вториот после отслужениот затвор се вратил да работи во ,,ЕЛИНГ,, и да им служи на Тодоровски и Ивановски.

,,Пироманот,, ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ не бил процесуиран во ,,АРИЕЛ,, затоа што Тодоровски проценил дека треба да остане на слобода затоа што премногу знае и може да го минира местењето на оние кои биле маркирани да страдаат. Откако газдите се спасиле, продолжиле со перење пари и енормно богатење, продолжиле да трупаат милиони евра, овојпат вгнездени во ДПМНЕ и СДСМ, вгнездени во криминалното правосудство во кое судиите и обвинителите им се послушни извршители и заштитници на нивниот криминал.

Во меѓувреме, ,,ЕЛИНГ,, и Тодоровски нараснале до фаза да газдата себе се нарекол НАУЧНИК и на Љупчо Стојановски му објаснил дека никој ништо не му може, па го предупредил дека мора да внимава како се однесува, да не се опушта и да не се замислува дека е некаков фактор. Едноставно, решил да го откачи бидејќи ги купил шефот на скопското јавно обвинителство САШО РАЈЧЕВ, судијата ГОРАН БОШЕВСКИ од секторот за организиран криминал и обвинителката ЉИЉАНА РАИЧЕВИЌ. Тие му се гаранција на ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ дека секоја негова замисла некој да биде процесуиран, притворен и затворен, беспоговорно ќе му ја одработат, за кеш се разбира.

Пробелмот настанува кон средината на минатата година кога ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ се почесто почнал да инсистира од ТОДОРОВСКИ да му исплати се што му должи за 20 годишната ,,перачка,, мисија и да си појде по свој пат. На тоа газдата му возвратил со реченицата ,,Љупчо, ова е бизнис во кој некој добива, а некој губи. Јас сум тој што добива, а тебе ти се падна да губиш. Внимавај како се однесуваш бидејќи овде во Скопје се гине и од заскитан куршум…,,. После ова, нивните патишта се разминуваат, а бесот и гневот кај Стојановски расте, до денот кога отишол во ,,ЕЛИНГ,, да се пресмета со Тодоровски.

БУКВАЛНО СИТЕ МЕДИУМИ дента јавија дека незадоволен работник поради неисплатени плати запалил џип на газда и него го полела со бензин. НИКОЈ поим немаше, а денес НЕ САКААТ да имаат поим дека се работи за ескалација на случај на пресметка помеѓу перачи на пари во милионски износи и дека јавното обвинителство прави се што се може случајот да го затвори било како, макар никако. И не го затвораат никако, поради корумпираноста, па ја лажат јавноста дека ,,повеле постапка,, против Стојановски. Точно е дека е сослушан кај судија за претходна постапка, БЕЗ ПРИСУСТВО НА АДВОКАТ, дека неговиот ,,распит,, цело време бил под надзор на САШО РАЈЧЕВ и ЉИЉАНА РАИЧЕВИЌ, дека НЕ ПРЕДЛОЖИЛЕ ПРИТВОР и дека воопшто не му дозволиле да каже и тоа да влезе во записник: КОЈА БИЛА ПРИЧИНАТА ШТО ОТИШОЛ ВО ФИРМАТА И ГО НАПРАВИЛ ТОА ШТО МУ ГО СТАВААТ НА ТОВАР!?

И, што направиле!? Буквално го избркале ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ на улица, му одземале патна исправа, патем му покренале обвинителен акт со кој му се заканува затворска казна како да изгорела ,,ЕЛИНГ,, до темел и како да има 20 мртви во пожарот, а практично обвинителството и судијата за претходна постапка му го сервирале Стојановски на газдата ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ да го пронајде некаде на улиците на Скопје и да го ,,реши,, со заскитан куршум од непозната насока. Во меѓувреме, Стојановски решил и го повторил делото, со намера полицијата пак да го приведе кај судијата за претходна постапка, да заврши во притвор и се да се открие. Пред Нова година го пронашол пак истиот џип на ИВАН ИЛИЕВСКИ, го оштетил со метална шипка и чекал полиција да го приведе. На негово непријатно изненадување, приведен во полициска станица дознал од полицајците дека ,,нема одење кај судија, нема сослушување, нема притвор,, и добил совет да побара сместување во некој манастир кај Дебар, таму примале такви како Љупчо Стојановски. Ама, на притвор и кажување на се што знае пред судија и обвинител – ДА ЗАБОРАВИ!!!

По ова Стојановски ми се обрати на мене. Побарав од него и добив изјава која си ја потпиша и со тоа ми докажа дека стои зад содржината на изјавата. Се обратив потоа до сопствениците на СЕТЕК и ЕЛИНГ, побарав и од нив изјава. Во СЕТЕК бев повикан, отидов, разговаравме, барав писмена изјава и ја добив. Иван Илиевски и Димитар Тодоровски од ,,ЕЛИНГ,, го игнорираа моето барање за изјава. Дури денес попладне ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ се охрабри да ми се закани низ телефонски повик со најава дека ќе ме смести во затвор. Кога ја слушнав заканата, разговорот заврши…

Во прилог ги имате изјавите на ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ, изјавата од ,,СЕТЕК,, и уште некои прилози. На потег е државата, да видиме зошто обвинителството не го притвора и процесуира ,,пироманот,, расположен да ги каже сите детали…

П.С. Во ,,ЕЛИНГ,, под страв за сопствениот живот работат долги годишни шеф ГОРАН и книговодителка БИЉАНА. И тие од Димитар имаат слушнато за куршуми што заскитуваат во случаи на нелојалност кон него. За нив во некоја следна прилика…

Фотографија на Zoran Bozinovski.Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.
loading...