Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

Куртон и партиски бот станал колумнист, ајмеее

Ona koga posle 2 godini staz kako bot vo belata palata, kje te napravat kolumnist vo kurtonski vmrovski portal

Се сеќавам пред повеќе од две години сегашната власт, тогашна опозиција, во налет за освојување на гласови јавајќи на бранот на незадоволството кај младите, свесно ги злоупотреби и изманипулира, од сегашна гледна точка контурите на лагата се многу воочливи и како што би рекле многумина мои врсници неверојатно како не зезнаа, а голема е нивната бројка, млади кои очекуваа подобра иднина, а добија небиднина.

Се ветуваше враќање на 600 илјади иселени и тоа веднаш откако ќе дојдат на власт, дојдоа отседоа веќе две години, а ниту еден иселен не е вратен, напротив, секојдневно се иселуваат нашите пријатели, комшии, познаници, се иселува цела држава забрзано како никогаш до сега. Редиците за визи пред амбасадите на западните држави се полни, со млади кои европската иднина сакаат да ја крадат во земји кај што зборовите демократија, владеење на правото и борба против корупцијата не се користат само како празни флоскули за разубавување на нечии говори. Младите пак кои се одлучуваат да останат во државата се соочени со сивилото на лошата економска политика на СДСМ, економија која стагнира, тоне…

Две години откако студентите не се ни на последно место на приоритетите на власта, студентите воопшто не се приоритет на власта! Нема ниту една инвестиција во студентските домови и универзитетите. Луѓето кои ветуваа многу не направија ништо! Се повеќе млади прва мисла им станува да завршат факултет и да си заминат, трајно да се иселат. Апатијата која ја внесоа во општеството и безнадежноста го јаде младиот човек!

Не смееме да дозволиме црнилото повеќе да биде слика за државата. Не смееме да дозволиме единствена опција за младиот човек да биде иселувањето надвор од државата. Република Македонија може и мора да биде држава во која секој млад човек ќе гледа иднина за себе, држава, членка на ЕУ и НАТО, но со вистински европски вредности и услови за младите, а не држава како што ја имаме сега со криминал, апатија и безнадежност. Решението е едно! — Промена!

loading...