Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Кумот ми се налути зошто не му дозволив да пуши во кола – месец дена ми се нема јавено

Не ми е јасно како може некој за таква работа да се налути, ама не било кој, туку кумот.

Кумовите по правило се втори родители и треба да се почитуваат дури и повеќе од родените родители.

Јас кумовите ги наследив, што не значи дека помалку ги почитувам. Старите кумови се откажаа, но нивниот син ми стана кум на венчавката.

Малку ми е непријатно што јавно ова го пишувам, но немам друг излез. После случката кумот не ми се јавува, не ми дига телефон, не ми одговара на пораките. Му праќам пораки и по други луѓе, но тој за глупост ми се налути и се затвори за мене.

А што требаше да направам?

Бевме договорени да го соберам од дома и да одиме да завршиме една работа. Само што влезе во кола, веднаш извади цигара и сакаше да ја запали, ама јас му реков дека во кола не пушиме.

Се насмеа и веројатно мислеше дека се шегувам, зошто сепак си ја запали цигарата. Мене ми зовре, се изнервирав, му ја џапнав цигарата од уста и ја фрлив низ прозор.

Ме гледаше некое време со отворена уста, а после ја затвори и повеќе не ја отвори. Цело време молчеше, не ми зборуваше додека стигнавме на местото, а потоа како инаетливо мало дете ми рече дека му искрснала работа и ќе фател такси.

Му се понудив да го однесам, но тој само ми одмавна со раката и си замина. Тогаш последен пат го видов. Не можам да стапам во контакт со него.

Еве јавно му се извинувам за тоа што го направив. Извини куме, прости ми, ама Весна за неколку недели ќе се породи, нема белким да ми го оставиш детето некрстено?! Дај да ги закопаме секирите и да заборавиме на тоа што се случило. Јави се.

loading...