Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

КУБУРАТ СО РАБОТНИЦИ: На Дојран, Охрид, Струга им фалат сезонци

Во туристичките места во Македонија недостига кадар за работа.

Газдите на хотелите, рестораните, се во потрага по млади луѓе кои би работеле за период од два до три месеци, но велат дека заинтересирани скоро и да нема. Се жалат дека младите кои претходните години кај нив работеле сега се заминати во Германија, Швајцарија, Италија, и според нив оваа година ќе биде можеби најтешката за обезбедување на персонал за работа.

„Ни требаат околу 15 луѓе за работа. Бараме келнери, шанкери, собарки, буквално од сите профили ни требаат луѓе. Младите луѓе или не се тука или не се заинтересирани, не се пријавуваат на оглас, иако освен плата се нуди и сместување. Бараме работници од други градови, доколку се заинтересирани за работа. Кадар за работа ни треба од јули до септември, но ако потрае сезоната може да работат и цел септември. Ние разменуваме мислење со другите угостители и хотелиери, и навистина со овој проблем се соочуваат сите. Се пријавуваат одредени луѓе кои се повозрасни на 55 или 60 години, но ќе видиме што ќе направиме сезонава“, велат од хотел во Дојран.

Минатите години во Дојран работеа млади луѓе од соседните општини Валандово, Богданци, или од Струмица.

Но, истиот проблем ги мачи и охриѓани и стружани. Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека ќе бараат работници по другите градови.

Проблем е што овие вработувања се сезонски, овие луѓе ни требаат за 3 месеци, ние немаме подолга сезона. Да има сега 1.000 луѓе, веднаш би се вработиле. Фалат келнери, собарки, чистачки. Ако се спореди со последните две – три години, оваа година имаме најголем проблем за кадар во туризмот“, рече Блажески.

Тој вели дека младите им бегаат, одат во странство, но очекува дека од идната година кога ќе се коригираат цените, ќе скокнат и платите, и тоа ќе биде предизвик за работниците.

За разлика од овие три туристички центри, потребите за работници во Преспа се нешто поскромни.

loading...