Search
недела 21 април 2019
  • :
  • :

Криво паланечкиот Амди Бајрам,мит или наша реалност?

Криво паланечкиот Амди Бајрам,мит или наша реалност?

Многумина од нас го познаваат доктор Сретимир Николовски но кога ќе ги прашате луѓето низ градот ,повеќето од нив не го познаваат  како доктор туку како човек кој во изминатиот временски период  ги промени речиси сите политички партии во последниве 15-тина години. Но дел од нив го познаваат и како вечен и„од бога поставен„ советник во советот на општина Кр.Паланка со денешен четврти мандат. Така  од член на Сдсм,член на либерално-демократска партија на Вмро-дпмне, Дом … и на која ли уште не партија за денеска повторно да е во редовите на владејачката Сдсм во нашиот град… или што би рекле нашите кривопаланчани „Амди Бајрам од наше маало“.

Воден секогаш од своите лични и семејни интереси и желба за власт така ги менуваше партиите. За него поимот политичка идеологија за него е непозната и апстрактна именка, или подобро кажано која политичка партија ќе го номинира во добитно советничко место(првите 5 секако) во таа и се престројуваше. Но во изминатиот период кривопаланечката јавност  е сведок на реализација и на неговите потесни семејни интереси потпомогнато со раководството на СДСМ.

Јавноста сеуште го памети  вработувањето на неговата ќерка Јасна во здравствен дом Крива Паланка во времето додека тој шуруваше со Вмро-дпмне, тоа беше време и кога неговата сопруга јавно се декларираше како вмровка и беше раководител на правна служба во општината со нецелосни познавања за законите и законската регулатива.

Станува збор за најновото вработување на неговото „зетче“ по име Тони (на неговата постара ќерка) каде конечно по толку години му најдоа работно место, не било каде туку во шумската полиција во Крива Паланка согласно неговите оскудни образовни квалификации. Секако тој  за жал нема високо образование и каде би можела да го вработи познатата „докторска фамилија“.Неретко и јавно знаеа да проговорат за неговото недостојно за нив неговото образование и квалификации но во четириесет години не се учи факултет,за факултет треба умствен капацитет – но и тоа е друга нивна семејна прикаска…. И затоа прашуваме : Дали тој има барем завршено четврти степен?Дали знае да ракува со служебено оружје? дал има дозвола?Дали имаа соодветна доквалификација затоа што станува збор за униформирано лицекое треба да носи огнено оружје?Дали има соодветно лекарско уверение…и многу други прашања… или веројатно ги исполнува сите критериуми а најголемиот е што има членска од Вмро-дпмне хехех.Дали со ова што дедо Сретимир го награди со вработување конечно ќе и дозволи на сопругата Јасна да се запише на долго мечтаената  докторска специјализација,каде поради љубомора не и дозволува?

Се ова поминува со согласност со градоначалникот Борјанчо Мицевски кој го наградува за трансферот во Сдсм,додека лојалните и повеќегодишните членови на Сдсм си останаа со прстот во уста и чекаат милостина да бидат вработени во Комуналец како одгледувачи на цвеќиња,чистачи и хигиеничари?

Во истиот овој временски период случајно или не и неговата втора ќерка со брзина на светлината конечно го  заврши факултетот, останува да видиме дали и за неа ќе се најде работа во здравствениот дом во Крива Паланка , но овојпат за неа ќе помогне шурувањето  со Сдсм и Борјанчо. Зарем  втората ќерка да биде продавачка во пиљарата на нејзиниот новопечен сопруг? Секако дека и таа треба да се вдоми додека сеуште неистекол четвртиот мандат на докторот. Но и ова не е крај низ паланечките локали се шират гласини за вработување и на „второто зетче“ да биде вдомено во општината на местото на бабата ,секако тука е нашиот градоначалник Борјанчо Мицевски кој ќе им излезе во пресрет и кој ќе ги задоволи нивните семејни ненаситни апетити за функции и вработувања.

КОГА ЌЕ ТИ ТРГНЕ ,НАВИСТИНА Е ТРГНАТО…ДАЛИ Е СРЕЌАТА ВО ПРАШАЊЕ И НЕМА КРАЈ?

П.С. разочаран СДММ член

loading...