Search
вторник 26 март 2019
  • :
  • :
loading...

Kривична за Тричковски кога? За навреда на државата, народот, етносот, за фашизам итн…вели будалата:Кој курац е Македонија!?

loading...

Branko Trickovski Хахаха, гледам јас дека ќе завршам на суд ако победат вашите фаворити од вмро-дпмне и Затвореното општество на Милчин. Ако пред тоа не ми текне да киднам. Во Будимпешта е пополнета квотата, но во Бурнос Аирес, зошто да не!
Признавам дека едно време сакав да ја умрам Македонија и македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот ајвар, но откако разбрав дека ти и Милчин ја носите со себе и кога одите по риба и на пиво, ми стана јасно дека мојата мисија е бесмислена.
Но, кога веќе ме провоцираш сакам да те соочам со неколку отворени прашања и тези:
Што е Македонија и македонизмот во класичната варијанта што ја заговарате вие!?
Не е ли нашата слатка татковина инструмент за хендикепирање на луѓето. За културно, јазично и секакво друго ограничување на квалитетит на нивните животи, за погубното дејство на плитката историја и ниската граѓанска култура и структура, и класа, ако сакаш, совршен амбиент за доминација на простаците, за мафиотска експлоатација на ресурсите и за општа и трајна кретенизација на луѓето. Нели ти изгледа како инкубатор на тешки провинцијалци кои од општеството прават лигава меласа од која не може да се добие ниту горчлив шекер.
Кој курац е Македонија!?
Надвор од вашите емоции кои не се во состојба да излезат и да остават некаков белег врз културната мапа на Европа!?
Нели ти се чини дека во малку построги стандарди не сме ништо.
Македонците се жртви на Македонија, нема потреба да ја убиваат ако стигнат да се подослободат од неа и да сфатат дека има и други форми низ кои животот врви и вреди а не само плачипичеството кога не ви работи рибата.
Да јас го подржувам Преспанскиот договор од почеток за разлика од тебе и од Милчин. Тоа ти е малку контра тезата дека сакам да ја убијам Македонија, бидејки самиот велиш дека тој догобор го гарантира идентитетот. Јас не го подржувам затоа што го гарантира идентитетот, јебал вас договорни идентитет, туку од други разумни причини.
Пиши од Боровец дали има разлика во скијањето меѓу човек што порано скијал доаѓајки од Република Македонија и после тоа од Република Северна Македонија. Јас мислам дека истиот човек во првото издание бил подобар.
Хахаха!
Поздрав!

Branko Geroski Branko Trickovski Од целава оваа бесмислена тирада, вреди да ти се одговори само на две работи:
Прво, твојата теза за “убивањето на Македонија” е целосно спротивна на основните придобивки на Преспанскиот договор за Македонија, покрај членството во НАТО и шансата да преговараме за членство во ЕУ. Тој договор ги гарантира основните атрибути на македонскиот нациоанлен идентитет, за кој ти мислиш и пишуваш дека е безвреден во секоја смисла и дури и го именуваш како “македонизам”, по урнекот на најголемите негатори на на македонската самобитност (Ванчо Михајлов, на пример, нė нарече нас Македонците “македонистички говеда”).
Второ, каков и “курац да е Македонија” (да те цитирам), јас друга татковина немам. Моите деца живеат овде и некако чувствувам обврска наместо да ја “умирам” и да ја терам “у курац”, да направам нешто да не биде ваква вукојебина. На пример, да направам едно весниче, едно мало островче на слободната мисла, каде што некои паметни луѓе, на пример, ќе мудруваат нешто за доброто на оваа земја. Ти си меѓу тие избрани луѓе и веројатно затоа си земаш слобода да провоцираш (не заборавај дека ти ја почна оваа кавга), да ме навредуваш, да го навредуваш Милчин и во комуникацијата со нас да се спушташ на нивото на една ординерна будалетинка (Сале Мутави Политико), чиј идол си станал.
Заклучок: за разлика од тебе, јас не сакам да умре Македонија на Бранко Тричковски Северномакедонецот и на Сале Мутави колен со тап нож за леб.
ПС. Што се однесува до скијањето, треба да знаеш дека со една група ентузијасти сериозно лобираме Попова Шапка да стане водечки ски-центар во регионот. Лобираме таму кај што треба. И брзам тоа да се случи пред ти да ја умреш Македонија.

Branko Trickovski Branko Geroski Адио, Геро, фрапиран сум од неспособноста да совладуваш малку посложени конструкции, во бинарниот систем на македонизмот, ти би бил нула, Владе можеби би бил единица, но ништо повеќе од тоа. Штета.
Крај на приказната.

Branko Geroski Branko Trickovski Поздрав Тричковски. Да бидам искрен, јас сум фрапиран од сопственото трпение да ги совладувам твоите конструкции и непристојности. Но, не сум изненаден. Ништо веќе не може да ме изненади. И јас завршувам овде.

Branko Geroski Не Branko Trickovski, сета вербална еквилибристика и сите навреди што ги упатуваш на моја сметка (и на сметка на други), сепак не можат да те спасат од обврската да ја потврдиш својата теза за потребата да умре не Македонија на Героски (такво нешто никогаш не си напишал, сега само се вадиш, друже), туку да умре Македонија во која Македонецот ќе си остане Македонец и ќе зборува на својот мајчин јазик кој ќе продолжи да се вика македонски. Ти бараше таа и таква Македонија да умре. За тебе тоа ќе беше акт на „нормалност“. Препрочитај си ги статусите, а и колумните во „Слободен печат“ (што, патем речено, јас го уредувам). Оставам твоите фанови да судат дали твојот потход е во рамките на нормалноста.

loading...