Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Красниќи, Рамадани и Железарски – сите цимери од една затворска соба се во бегство

Од денеска со меѓународна потерница се бараат бегалците од штипскиот затвор, Агим Красниќи и Сехат Рамадани. Двајцата кондовци, кои се во затвор за предизвикување изборни инциденти и тероризам, во средата вечер не се вратија од викенд отсуство.

Со тоа, списокот на бегалци од правдата на МВР, барани со потерница, се зголеми на 68.

Во интервју за телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ со Горан Момироски индиректно е најавено бегството на озлогласениот криминалец Агим Красниќи од скопско Кондово кој лежи затвор за насилство и изборни инциденти.

Во интервјуто најавата за бегство на познат криминалец ја дава Драган Павловиќ Латас кој ја открива и дестинацијата каде ќе избега затвореникот.

Бегството на Красниќи на два месеци пред парламентарни избори отвара сомнеж дека Управата за спроведување на санкции која е под надлежност на министерката за правда Рената Десковска не презела соодветни мерки Красниќи да не може да го повтори делото за кое еднаш е веќе осуден.

Robin Hood@viceto007

Видовит ли е Латас ?

Красниќи и Рамадани неколку години се во иста соба во штипскиот затвор. Со нив во истата соба бил и Жан Железарски, кој издржувал казна за случајот „Детонарор“ и Железарски е баран по меѓунардона потерница од ноември 2019 година, откако не се вратил од отсуство.

Според директорот на Затвор – Штип, Мики Тодоров, во моментов во оваа установа како бегалци се водат дваесетина затвореници. По сите е распишана потерница.

За некои од македонските медиуми индикативно е што Красниќи и Рамадани, кои се осудени и за изборни инциденти, побегнаа од затвор во предизборие.

Меѓутоа, директорот Тодоров објаснува дека ним, како затвореници им следува редовно отсуство на триесет дена, два пати годишно одмор и седум часа неделно прошетка.

-Двајцата се пуштани и во перидот на претходни избори, па не предизвикале изборни инциденти. Законот предвидува процес на ресоцијализација на затворениците со средината и засилување на контактите семејствата. Овие отсуства се во таа функција,вели Тодоров.

Од сајтот на МВР во дел Потерници:

Сехат Рамадани

Рамадани Сехат од т.Емрула м.Садете роден 11.09.1984 година во Фрауенфелд, а живее во с.Кондово – Скопје ул.1 бб . Се  бара за бегство од затвор со наредба број М.бр.82/2013 од КПУ затвор Штип за сторени кривични дела по член 292 , 288 и 123 од КЗМ за доиздржување на казна затвор од 3 години и 3 месеци.

Агим Красниќи

Красничи Aгим од т.Незир м.Мирадие роден 15.09.1979 година во Скопје, а живее во с.Кондово – Скопје ул.2 бр.4. Се бара за бегство од затвор со наредба број М.бр.80/2013 од КПУ затвор Штип за сторени кривични дела по член 292 , 288 и 123 од КЗМ за доиздржување на казна затвор од 3 години и 3 месеци.

Жан  Железарски

Жан Железарски од т.Славчо м.Бранка, роден 02.12.1982 година во Кочани каде и живее на ул.„Рајко Жинзифов “ бр.48. Се бара со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен суд Кочани за сторени кривични дела по чл.394 ,чл.386 и чл.123 вв со чл.19 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 14 години.

 

loading...