Пред само 20 дена неговите акции во Комерцијална Банка на македонската берза вредеа 2.330.976.000‬ денари (37.9 милиони евра). По затворањето на берзата денес, вредноста на акциите на Чифлиганец падна на 1.687.335.252‬ денари (27.4 милиони евра).

Ова значи дека фирмата на Чифлиганец за само 2о дена на македонската берза бележи загуби од огромни 643.640.748‬ денари (10.4 милиони евра).

На четврти месецов, вредноста на една акција во оваа банка изнесуваше 8000 денари што беше највисока цена на акција во банката на сите времиња. Денес со затворањето на берзата вредноста е 5.791 денари, што е минимум за годинава кој се стреми кон тоа да го достигне минимут во последните 52 недели. За само 20 дена, цената на акциите бележи пад од 2.209 денари.

Компанијата на Чифлиганец Адора Инженеринг заедно со поврзаните лица поседува вкупно 291.372 обични акции, односно има учество од 12,78% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Познатиот тајкун, почна да купува акции во Комерцијална банка пред 3 години. Неговите инвестиции заедно со инвестициите на уште неколку бизнисмени, за 50% ја зголемија вредноста на банката, чии акции сега вртоглаво паѓаат поради економската криза која ја предизвикува вирусот „Ковид 19“ познат како „Корона“.