Search
четврток 2 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

KOPOHA ВО KACAPHATA „ИЛИНДЕН“ ВО СКОПЈЕ: Готвачот во apмиckиот ресторан во kacapната „Илинден“ позитивен на kopoнaвиpyc

Инфомакс дознава дека кујната во касарната Илинден од денеска е затворена. Причината за ваквата мерка е тоа што еден од припадниците на АРМ, односно помошен персонал во армиската кујна бил дијагностициран како позитивен на коронавирусот.

Од АРМ за „Инфомакс“ ја потврдија информацијата дека кујната во касарната Илинден е затворена. Но сепак не станува збор за изолиран случај на заразата, односно во текот на денот се потврдени два случаи на принадници на АРМ позитивни на коронавирусот.

-Во интерес на транспарентно претставување на активностите на Армијата на Република С. Македонија, Ве информираме дека во текот на денешниот ден се потврдени два случаи на припaдници на Армијата кај кои на тестирање за „Covid19“ покажале позитивни параметри. И двата припадници извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.

Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. Целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е заменет со дополнителен персонал.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Covid19.

И двата припадници не биле во странство. Армијата во озминатиот период целосно ги пичитува препораките од министерството за здравство при што одреден број припадници превентивно заминале во самоизолација и при самото сомневање на постоење можни симптоми на вирусот, велат од АРМ.

Неофицијално, куварот во армискиот ресторан бил инфициран од неговиот брат кој работел во фирмата на „Енергосистеми“ чиј сопственик, како што и самиот објави на социјалните мрежи е позитивен на вирусот. Тој и неговата сопруга.

Инфекцијата на коронавирус во најголемата касарна во Македонија претставува дополнителен проблем ако се има во предвид дека во таа касарна претстојува безбедносната елита на земјата – припадниците на единиците „Волци“ и „Ренџери“.

Претходно, иако прогласена вонредна состојба, Шекеринска не успеа навремено да ги дезинфицира касарните и да го провери персоналот на болеста, со тоа доведувајќи ја војската во незавидна ситуација, знаејќи дека армијата е на првата борбена линија во борбата против КОВИД-19. Притоа, дури и по информациите дека куварот во армискиот ресторан е заболен, од МО не постапиле согласно протоколите, туку едноставно им кажале на војниците кои е можно да биле во контакт со заболениот да си одат дома.

Експертите по безбедност сега прашуваат, како Македонија ќе ја гарантира безбедноста на државната граница, како успешно ќе се спроведува полицискиот час, а дополнителен проблем претставува фактот што АРМ нема ажурирани податоци за активната и пасивната резерва во земјава.

 

loading...