Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Колку заработи лани директорот што ја радува нацијата со „Стоби Флипс“?

„Витаминка“ лани на Симон Наумоски му исплатила повеќе од 100.000 евра бруто плата. Наумоски го предводи тимот што лани оствари приход од продажба од 36,5 милиони евра поголем за 9 милиони евра од 2017 година. Го рестартираше успешно „Брилијант“ во Штип, вработи 50 лица и оствари нето добивка од 1 милиони евра поголема за 94 отсто од 2017 година

Успешната македонска прехранбена индустрија „Витаминка на својот генерален извршен директор Сашо Наумоски лани му исплатила бруто плата од 105.350 евра, покажуваат податоците од годишниот извештај на „Комерцијална банка“ во чиј Надзорен одбор членува Наумоски.

Наумоски лани ја водеше „Витаминка“ во една од најуспешните години во својата долгогодишна историја. Компанијата оствари приходи од продажба во износ од 36,54 милиони евра и тие се 9 милиони евра односно за 33 отсто повисоки од 2017 година. „Витаминка“ под водството на Наумоски лани оствари раст на продажбатана домашниот пазар во остра конкуренција од регионалните компании, а значајно ја подобри и својата извозна позиција. Продажбата на домашниот пазар лани достигна 21,9 милиони евра што значи раст од 51 отсто во споредба со лани, а извозот достигна 14,6 милиони евра и забележа раст од 13 отсто во спроедба со 2017 година. Залихата на „Витаминка“ била зголемена за три пати ина крајот на 2018 година изнесувала 2,34 милиони евра.

Лани компанијата имала оперативни расходи на ниво од 37,4 милиони евра, а најголема расходна ставка биле трошоците за набавка на суровини и материјаликои изнесуваат 23,2 милиони евра. Оперативната добивка на „Витаминка“ лани е за 70 отсто повисока од 2017 година и изнесува 1,33 милиони евра.

Компанијата лани оствари вкупна добивка поголема од 1 милиони евра и таа бележи раст од 94 отсто во однос на 2017 година.

„Витаминка“ го произведува еден од петте најпознати македонски брендови „Стоби Флипс“ популарните „смоки“ со кои израснаа и растат многу генерации Македонци. Овој бренд „Витаминка“ го произведува 40 години. „Витаминка“ годинава одбележува 60 години јубилеј.

Лани „Витаминка“ вработи 50 лица, а го купи имотот на штипски „Брилијант“ и го рестартираше производството на масло за јадење под брендот на „Витаминка“.

Сашо Наумоски, успешно со својот менаџерски тим на води „Витаминка“ неколку години наназад. Во раководењето добива поддршка од неговиот татко Симон, визионер,  под чија диригентска палка „Витаминка“ континуирано растеше и за четириесетина години стана една од најголемите, најконкурентни и најуспешни македонски индустрии.

loading...