Search
вторник 12 ноември 2019
  • :
  • :

Колкав прилив на парични средства има македонската економија од Македонци кои работат во странство?

Македонија е земја во која коси белата чума. Како во минатото така и денеска бројката на наши сограѓани кои што се иселуваат во странство за да заработат подобри плати е огромна. Поради пописот кој што долг период не е спроведен точни бројки на иселени македонци не е познат. Но, според последниот Извештај на Светската банка во Македонија “Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија” речиси 26% или една четвртина од Македонците кои се родени во Македонија сега не живеат во оваа држава.

Едно од прашањата кое произлегува од овие факти е колку пари македонците кои живеат и работат во странство праќаат во својата матична земја Македонија, односно колку вкупно пари влегуваат во државата на овој основ?

За анализата се користени податоци од Дирекцијата за статистика на народна Банка на Република Македонија како збир од податоци од сите банки во државата за секундарен доход – лични трансфери (Тековни трансфери меѓу резидентни и нерезидентни домаќинства) кои се приливи во вид на дознаки од работници како што е наведено во Извештајот за Платниот баланс на Народната банка. Според овој извештај анализата за последните десет години изгледа вака: минатата 2018 година во Македонија на овој основ од страна на македонци кои живеат и работат во странство во вкупен износ биле пратени 200.1 милиони евра, 193.6 во 2017 година, 192.8 во 2016 година, 208.3 во 2015 година, 203.6 во 2014 година, 191.3 во 2013 година, 198 во 2012 година, 194.8 во 2011 година, 196.3 во 2010 година, 186.2 во 2009 и 180.9 милиони евра во 2008 година.

Доколку сакате да ја погледнете споредбата “Колку време е потребно за да поседувате сопствен дом во ЕУ а колку во Македонија?” притиснете овде.

Според овие податоци најмногу пари биле пратени во 2015 година, најмалку во 2008 година. Вкупно за овие десет години на овој основ во Македонија влегле околу 2.1 милијарди евра. Бројките од последните години покажуваат тенденција на раст што може да биде индикатор дека повеќе луѓе се отселиле за да работат во странство или дека повеќе заработуваат истите. Според истиот извештај анализата за последните шест месеци од 2019 година изгледа вака: во јануари оваа година биле пратени 13.3 милиони евра, 13.6 во февруари, 16.3 во март, 15.6 во април, 18.7 во мај и 16.5 милиони евра во јуни. Бројките за оваа година можат да укажуваат дека ќе има благо намалување за вкупно пратени пари од Македонци кои работат во странство за 2019 година, бидејќи во првата половина на годината биле пратени вкупни 94 милиони евра, со логично дуплирање до крајот на годината. Тој износ сепак можеби и ќе биде поголем ако се земе фактот дека во странство многу често за божиќните и новогодишни празници се добиваат бонуси што резултира со поголем износ на пратени пари во државата.

Заклучок

Анализата за тоа колку пари праќаат македонците кои живеат и работат во странство води кон неколку заклучоци. Прво, големите бројки изразени во милиони евра укажуваат на голем број македонци кои живеат и работат во странство. Второ, големите бројки укажуваат дека најверојатно добар дел од приходите кои ги заработуваат таму ги трошат нивните семејства тука или самите кога се враќаат што сепак е светла точка за економијата и покрај големите негативности што ги носи иселувањето на нашите сограѓани. Трето, бројките немаат драстични разлики низ годиниите и имаат благ раст што укажува на тоа дека ова тенденција на износ на пари кои влегуваат во Македонија од страна на нашинци кои работат во странство ќе остане иста.

Подготвила, Марта Куковска

loading...