Тие пет се регистрирани во новите 29 случаи од изминатото деноноќие.

После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, на земените материјали тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги и се во добра општа состојба и се практично асимптоматски. Ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација согласно нивната состојба, рече Филипче.

Оваа група е поврзана со симпозиумот кој го организирала и присуствувала директорката на Клиниката за дерматологија, за која се потврди позитивниот тест на коронавирус уште пред две недели.

Од оваа група се тестирани вкупно 30 лица, а позитивни се само овие пет. во следните денови продолжуваат да се тестираат и останатите поделени во групи и сите тие треба да завршат во следните четири до пет денови, рече Филипче.