Search
сабота 25 јануари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Кој е кумановецот чии фирми направија 100 милиони евра приход лани одма да ви кажам тешки криминалци се блиски до поранешната власт

Знаете ли дека еден човек од Куманово преку четири фирми во кои директно или индиректно е сопственик (и) или менаџер лани направи приход што надминува 100 милиони евра? 

ТИПОТ Е БЛИЗОК ДО ДВАЈЦА БРАЌА И ЕДЕН БРАТУЧЕД

Четири кумановски фирми лани кумулативно направија промет што надмина 100 милиони евра. Тоа е дострел на кој „се влажнат“ многумина менаџери или бизнисмени во земјава. Иако во бизнис круговите знаат за кој се работи, овој кумановец за жал е анонимен за општата македонска јавност на која редовно и во големи дози и се сервира само дневна политика.
Тони Каранфиловски е менаџер и сопственик на неговата матична „хенд мејд“ фирма „Квалитет пром“, косопственик со братот Дејан во „ДЕТ ОИЛ“. Преку ови две фирми одлучува и за деловните потфати на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и за „Рапид Билд“. Лани неговата работа во четирите фирми оствари приход од 100, 5 милиони евра

 

„ДЕТ ОИЛ“ е најголемата кумановска компанијата. Таа се занимава со трговија на мало со моторни горива и масла која лани остварила приход вреден 42 милиони евра. Оваа компанија лани остварила профит од 1,6 милиони евра. Сопственици на „ДЕТ ОИЛ“ се браќата Тони и Дејан Каранфиловски. „ДЕТ ОИЛ“ е ко-сопственик во кумановската фабрика за заварени цевки и профили „11 Октомври“ и во компанијата „Рапид Билд“ која учествува во градбата на националниот гасоводен систем. „ДЕТ ОИЛ“ е компанија која , според наши сознанија, е основана 1993 година до браќата Каранфиловски и нивниот татко Гроздан.

 

Се почнало од „Квалитет-Пром“ во 1991 година, основана од Тони Каранфиловски (податокот е достапен на Линкдин профилот на Каранфиловски). Оваа компанија сега е ко-сопственик во „Рапид Билд“, преку која е ко-сопственик и во ФЗЦ „11 Октомври“. „Квалитет Пром“ лани оствари приход од 26,4 милиони евра и е втора кумановска компанија според остварен приход по „ДЕТ ОИЛ“. Дејноста на „Квалитет-Пром“ е трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарии. Лани оваа фирма остварила профит од 2 милиони евра.

 

Единствено поголем профит од неа има „Рапид Билд“ фирма регистрирана за изградба и во јавноста позната како изведувач на дел од националниот гасоводен систем. Оваа кумановска компанија лани остварила приход од 16,4 милиони евра, а од нив 2,23 милиони евра е профит.

 

И четвртата фирма од „конгломератот“ на Тони Каранфиловски е ФЗЦ „11 Октомври“. Браќата Каранфиловски пред четири години, по купувањето на мнозинскиот пакет на аукција, дадоа јавна понуда да ги купат сите слободни акции на оваа компанија поранешен гигант и извозник на заварени цевки и профили. Купувачи на ФЗЦ се „ДЕТ ОИЛ“ која поседува 52,3 отсто од акциите, а „Рапид Билд“ има 9,15 отсто од управувачките права. По превземањето и рестартирањето лани оваа компанија остварила приход од 24,1 милиони евра, а годината ја завршила со загуба од 1,1 милиони евра.

loading...