Ваква службена белешка надлежниот полициски службеник од единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднел во полициската станица во Чаир на 22ри, минатиот месец.

Во службената белешка до која Press24 стигна преку свои извори во полицијата стои дека истиот ден, околу 10 часот наутро во полициската станица во Чаир дошла жена и почнала да зборува нелогични работи.

„Од моја страна беше прашана за што сака да разговара при што истата појасни дека работи како наставник по географија и дека сака да појасни дека истата потекнува од индијанско племе од Невада и дека како мала е донесена од нејзиниот сегашен татко кој е човеколик мајмун и заедно со директорот на училиштето во кое што работи, кој исто така е човеколики мајмун се занимаваат со разни кривични дела (продавање на органи, откопување на мртви од гробишта и преработка на месото во ќебапчиња, организирање на атентати по нарачка и прикривање на лица кои се водат умрени а сеиви, за што наведе пример дека Тоше Проески го кријат во училиштето каде го претставуваат како … и работи како наставник по физичко.“ стои меѓу другото во записникот.

По ова, полицискиот службеник ја прашал наставничката која има близу 50 години дали е при здрава свест и дали има проблеми со здравјето по што таа појаснила дека Нема никакви проблеми со здравјето.

По ова, надлежниот полициски службеник констатирал дека таа не пријавува кривични дела од неговата област на имотни деликти, го повикал сменоводителот и му го препуштил случајот.

Каков епилог имал овој случај се уште нема информација, па не можеме да потврдиме се потврди дали споменатата наставничка навистина е вклучена во образовниот процес и доколку е, какво знаење им пренесува на децата.