Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Кои луѓе ја сочинуваат “Струмичката група” за која зборува Ла Верита

Пошироката јавност добро познава двајца луѓе кои се споменуваат во денешната бомба на Ла Верита: Зоран Заев, лидер на СДСМ и Вице Заев кого Гајзер го нарекува на италијански
Фратели (братот) Заев.

Останатите се познати во Струмица и во институциите во кои работат.

Марјан Даскаловски е екс пратеник а сега главен оперативец на СДСМ во Струмичко инаку вработен како шеф на локалната испостава на Централниот регистар што претпоставува дека има пристап до информации за стотици можеби илјадници правни субјекти.

Зоран Георгиев е директор на комуналното претпријатие во Струмица кој на пошироката јавност и стана познат откако неговото претпријатие склучи договор од над 1 милион Евра со фирма која треба да го прави токму тоа што треба да го прави комуналното претпријатие што го води.

Дел од групата што се споменува во документите што ги објави Ла Верита е судијката Лорета инаку сопруга на директорот на комуналното. Таа е член на Републичкиот судски совет и поради врските со Заев важи за еден од највлијателните членови на највисокото судско тело кое одлучува за судбината на сите судии а во голема мерка и за судбината на Македонското правосудство.

Во документите се споменува и Софија Патрикова моментално главен градски архитект на Струмица која се споменува дека може да помогне и тоа во делот од документите каде се споменува и Ристо Крмзов сопственик на најубавиот струмички хотел за кој во ПИМ мерките се индицира дека има спорна документација.

Асан Асанов е човекот кој на терен во струмичкото Ромско Маало на улицата Бетовенова бил дел од активностите кои допрва ќе треба да се расчистуваат од обвинителството и судските органи.

Најголемиот проблем за сите овие луѓе и уште неколку други инволвирани во случајот со изборите во 2014 е што обвинителството овој предмет не го затворил како неоснован туку го ставила на листа за чекање.

Со тоа сите наведени допрва ќе се соочуваат со опасноста да бидат обвинети.

На социјалните мрежи денеска се појавија и фотографиите од сите засега јавно посочени луѓе во овој случај.

Мрав@DoliTheDoll

Кастингот од денешната бомба на Ла Верита:
Фратели Заев, Марјан Даскало, Зоран Георгиев директоро на комуналното, Лорета жена му судиката, Софијата архитектката на Струмица, Асан пешадинац задолжен за плаќања на Бетовенова

View image on Twitter
26 people are talking about this
loading...