Search
недела 21 април 2019
  • :
  • :

Коха: Пронајден запален автомобилот со кој бил извршен грабежот на НЛБ банка

Автомобилот со кој ограбувачите избегале по грабежот на НЛБ Банка во Чаир, е пронајден како гори во близина на Серава, пишува „Коха“.

Атомобилот Голф „5“ е пронајден заапален, а се претпоставува дека со него била ограбена банката. Според неофицијални информации, ограбувачите го оставиле автомобилот, го запалиле и избегале со друго возило во непознат правец.

Some alt text

Засега не е откриено колку пари се украдени. Во текот на грабежот имало и пукање, а едно лице било повредено.

loading...