Search
четврток 23 мај 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Кога прв пат го пратија Зокита во кабинетот на Грујота

Мало колумниче за добро утро. Кога прв пат го пратија Зокита во кабинетот на Грујота да му рече со арно да си замине зошто времето му устече, а секој има рок на траење, овој вториов се мислеше паша, бог, цар се мислеше. Вториот пат го пратија да му каже пак. Првиот му кажа и му донесе едно ЦД за здраво-живо, ама ботот не веруваше, па капак и го снимаше седнат на миндерлак чунки заебанција е работава, и пак мислеше дека е покурназ од татка. Е третиот пат кога му однесе повеќе ЦД-а тогаш на 31.01.2015 на св Атанасиј зимски, излезе угул сам на ТВ и кажа дека демек ќе ве лажат ќе ве мамат , вистини, полувистини итн итн. Арно ама уште си велеше покурназ е од татка. И? Што и, попара го направија и ене го кај е, никаде и за никаде, а да си беше паметен , а бе уште на првото ЦД да си направеше избори ,ќе го тргнеа, ни лук јал ни лук мирисал. Вака му го свртеа цел народ го направија мат маскара и то е. Сега од ден на ден гледам го готват народот да напаѓа , го оштрат ама со право. Кражби, проневери, дроги, опс опојни супстанци, итн итн. Се вртам ноќеска и си размислувам. И овој ли ќе се прави покурназ од татка, или време е сам да си ја донесе одлуката за повлекување. Пораката е толку јасно испратена, а нема ни да запре. Прашање е колку долго ќе се нервира народот слушајќи за сите срања кои се прават. Ќе има ли доблест да се спаси барем нервозата кај обичниот смртник да не слуша за сите овие говнарии, колку да знаете ќе ги има се поинтензивно и секојдневно. Време е за ново дете, не, не велам Јас така, така велат тие. Така е тоа. Завршува “агенда” се троши и се фрла во канта. Кој со ѓаволот тикви сади, него му се удираат од глава. Се е јасно освен тоа колку ќе потрае кошмарот и кое ќе биде новото дете?

Dimitar Joveski

Фотографија на профилот на Dimitar Joveski

loading...