Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

Кога паѓа Facebook, со себе повлекува цели бизниси

Facebook денеска има проблеми со прикачување фотографии, видеа и други содржини на сите свои апликации, поради што корисниците не можеа да стават фотографии, да објавуваат линкови со фотографија, да гледаат сториња на Instagram, ниту да праќаат пораки на WhatsApp.

Од компанијата Facebook велат дека се свесни за проблемите: „Работиме на случајот за да ги вратиме во нормала работите што е можно побрзо“.

Проблемите почнаа во 8 часот наутро по источноевропско време и полека се средуваат, според податоците на DownDetector, платформа што следи проблеми со веб страници и апликации.

Кај некои корисници не се праќаат пораки на Facebook Messenger, а на други не им стигнуваат нотификации за примени пораки.

Заедно, социјалните мрежи имаат милијарди корисници ширум светот.

Во март годинава, Facebook и Instagram го имаа најголемиот дефект досега, а во април имаа проблеми што ја засегна и апликацијата WhatsApp.

Проблемот е уште поголем за бизнисите

Апликациите и веб страниците секогаш ќе имаат поремени прекини и дефекти, поради комплексноста на услугите што ги нудат. Но, дури и кога се кратки, може да се покажат како сериозен проблем поради огромниот број на корисници.

Кога Facebook има проблеми, дефектот се одразува на работата на бизниси и услуги кои зависат од беспрекорното работење на платформата.

Со секој час поминат офлајн, за нив тоа значи губење пари, комуникација со клиентите и пропуштени прилики.

loading...