Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Коалицискиот партнер на ДПМНЕ со поддршка за Амди: Ваков човек му треба на нашиот народ

Партијата ТМРО (Трајно македонско радикално обединување) на својата официјална Фејсбук страна, веројатно повеќе во иронија, објави статус кој предизвика големо внимание во јавноста.

Долгогодишниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи кандидатите на најголемата опозициска партија, а не е исклучена можноста воопшто и да не излегуваат на избори, односно истите да ги бојкотираат.

Сепак, во иронична смисла, тие му искажаа поддршка на Амди Бајрам, тврдејќи дека токму таков претседател му треба на народ како македонскиот.

-Кандидатот за претседател Амди Бајрам е многу блиску до безрезервна Поддршка од ТМРО. Неспорно е дека би бил идеално решение за народ како Македонскиот.

loading...