Колумни

Кирацовски: Секако дека одржувањето на изборите е доведено во прашање.

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 04:56 (+02:00)

Статија која интригира и моја изјава за Фокус:

Секако дека одржувањето на изборите е доведено во прашање. Со оглед на актуелните случувања во парламентот каде преку тактизирање и политички игри се избегнува гласањето на битни законски решенија, т.е. Законот за ЈО и Советот на ЈО, Изборниот законик и законот за Одбрана, во прашање е доведена довербата меѓу коалиционите партнери, како и стабилноста на актуелното парламентарно мнозинство. Таква ситуација, на неколку денови пред распуштање на Собранието, ние како одговорни политичари не смееме да си дозволиме. Имено, граѓаните од нас, пред се, очекуваат испорачување на правда во нашата Македонија, нешто кое е условено од Законот за ЈО.

Очекуваат да се изгласа и законот за Одбрана кој претставува инструмент на практичната реализација на договорот за влез во НАТО, што впрочем го изгласавме пред некој ден. Граѓаните, исто така очекуваат разрешување на актуелната министерка Мизрахи, поради Уставно прекршување. Ова се прашања околу кои не смее да има компромис, особено не со политички тактизери кои бараат начин да ги заобиколат истите. Токму затоа, мошне реално и можеби, доколку овие евидентни проблеми не се надминат, неопходно ќе биде формирање на ново, похомогено, државнички определено парламентарно мнозинство кое ќе формира цврста Влада која ќе биде организатор на редовни парламентарни избори.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker