Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

Ќе треба време да се избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци

loading...

Ќе треба време да се избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци

Ќе треба да помине време за се избришат трагите од „перењето мозоци“ од страна на поранешна Југославија дека постојат Македонци, истакна бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Бугарија е првата земја во светот која ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име. Сакам експлицитно да истакнам дека ставот на Бугарија бил исклучително принципиелен и непроменлив од сите Влади досега. По говорот на омраза од македонска страна поставивме услов да се постигне Договор за добрососедство за започнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Нашата примарна цел е да спречиме искривување на историските настани, а не да создаваме омраза меѓу двете земји, изјави Захариева на денешната пратеничка расправа, откако беше запрашана дали Бугарија е премногу мека во односите кон Македонија.

Според Захариева, непродуктивно е да се создава впечаток дека е променета политиката во врска со Македонија. Таа ја опиша како „тактичен потег” изјавата дека името „Северна Македонија” претставува опасност од територијални претензии кон Бугарија, за потоа да изјави дека името е прифатливо.

Министерката за надворешни работи рече и дека заедничката Комисија за историски прашања веќе имала три седници и се вршел притисок од македонска страна за одредени историски прашања, но и дека Бугарија нема никакви комплекси по ова прашање и дека луѓето треба да ја знаат вистината.

Бугарија требала да помисли на прифаќање на името на Македонија уште во 1992 година, доколку се сметало дека ова ќе е проблем. Но, мислам дека тоа не беше грешка, туку знак за добрососедски и пријателски однос. Треба да помине време за да се избришат трагите од „перењето на мозоците“ од страна на бивша Југославија дека постојат Македонци, завршила Захариева.

loading...