Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Кацарска: Судството е заробено, не може да се судат предметите на СЈО

Одлуката за преземање на предметите од СЈО, го одложи судењето за Транспортер, информира Сител.
На почеток од расправата, судијата Добрила Кацарска рече дека имајќи предвид оти изминал рокот од три дена за преместување на предметите, и објавеното соопштение на Обвинителот Љубомир Јовески за преземање на предметите од СЈО, оневозможена е работата на судскиот совет.
– Се надевам дека во следните денови, целата оваа ситуација ќе се разреши. Со одлуката за преземање на предметите, целото судство е заробено и не може да се судат предметите на СЈО. Не можеме да ги водиме судењата бидејќи може да се направи повреда на постапката. – истакна судијката Добрила Кацарска.
Таа додаде дека во изминатиот период, судиите кои ги водат предметите од СЈО биле доведени во ситуација сами да одлучуваат како ќе постапат откако специјалната обвинителка Катица Јанева заврши во притвор а потоа побара и преземање на предметите од Јавното обвинителство.
Инаку од СЈО, за Сител најавија дека во текот на денот ќе информираат како ќе постапат обвинителите по одлуката да ги предадат предметите на државното обвинителство.

loading...