Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

Катица Јанева во прединфарктна состојба – задржана во Жан Митрев да одморее

0д извори на одбраната Лидер дознава дека обвинетата Катица Јанева, денеска,  поради влошена здравствена состојба била однесена на интернистичко кардиолошки преглед во ПЗУ Жан Митрев.

Јавена е примена со болка во градите, како пациентка во високоризична група, со хипертензија, и се третира како пациент во прединфарктна состојба.

Потебно е дополнително да се направи коронарографија и други иследувања, поради што е задржана на болничко лекување во ПСУ Жан Митрев.

-Во врска со обвинението кое денеска го достави Обвинителството за органзииран криминал, во овој момент не можам да се произнесам, нити да го коментирам евентуалното проширување бидејќи истрагата за Јанева се однесуваше само за кривичното дело злоупотреба на службена положба и областување – изјави адвокатката Ирена Фрчкоска.

loading...