Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Катица Јанева го израдувала Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски со радост ја примил веста за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Оваа информација самиот Груевски не ја сподели на Фејсбук како што обично тој го изразува своето мислење за актуелните случувања откако избега во Унгарија. Информацијата ја пренесува словенечкиот новинар Лука Светина.

Тој на Твитер напиша дека во интервју за словенечката телевизија „Нова 24“, Груевски рекол дека го израдувала веста дека заради корупција шефот на СЈО Катица Јанева, поднела оставка

„Интервју со Никола Груевски, некогашен македонски премиер, против кого социјалдемократите водат политички прогон. Го посетивме во Будимпешта, каде што тој со радост ја прими веста дека поради наводна корупција специјалната обвинителка Катица Јанева, која го гони, си дала оставка“, напиша тој на Твитер.

Luka Svetina@LukaSvetina

Intervju z Nikolo Gruevskim, nekdanjim makedonskim premierom, proti kateremu socialisti v Skopju vodijo politično zrežirani pregon. Obiskali smo ga v Budimpešti, kjer se je razveselil novice, da je zaradi domnevne korupcije odstopila državna tozilka Katica Janeva, ki ga preganja.

View image on Twitter
42 people are talking about this
loading...