дознаваме дека Сашо Орданоски хонорарно пишува за Мактел и пописмените текстови се дело не на Саше политико туку на Сашо Орданоски за многу пари од бихачка

Имено, веќе подолг период во јавноста кружат информации дека дел од новинарската „елита“ на 1ТВ добивала огромни хонорари , за кои јавноста шрекулираше дека се добивани на незаконски начин.

Оваа иста информација  во реторичка форма, од страна на Христијан Мицкоски директно му беше посочена на уредникот, за кој не знаеме дали се уште поседува сертификат за државна тајна , Сашо Орданоски

Канал 5 ТВ денес доби информација од релевантен извор, точен и веродостоен,  дека најмалку двајца од елитните новинарски „пера“ на 1ТВ, во своите авторски договори, покрај паричниот надоместок, добиле нешто што е речиси непознато за ТВ автори физички лица – рекламно време!

Имено еден од нив добил 2 минути рекламен простор неделно во својата емисија, а вториот 2 минути во својата неделна емисија, и уште 2 минути надвор од авторската емисија.

Рекламното време како евентуална дополнителна надокнада може да му биде понудена на автор – физичко лице, но тоа ќе створи огромен број на облигациони односни меѓу авторот , клиентот кој ќе се рекламира и медиумот.

При вакввиот, крајно невообичаен начин на приход,  се поставуваат следниве прашања и дилеми:

Дали „ведетите“  ги реализирале овие реклами, дали имале соодветни договори со клиентите во кои се опишани облигационите односи, дали и фирмите клиентите ги книжеле тие евентуални реклами , односно нивни трошоци, дали авторите имале соодветни медиа планови, по кои цени ги продавале, дали цената се дефинирала по секунда или т.н. CPP и др.

Најважно легално но и етичко прашање е дали евентуалните приходи остварени преку рекламно време се пријавени од страна на „ведетите“ во нивните годишни пријави на УЈП и дали  е платен соодветен данок???

Нашата редакција ќе продолжи да ја следи оваа аномалија со цел заштита на медиумскиот бизнис од евентуални нечесни „играчи“ на нашиот пазар.

Истовремено ги повикуваме ЗНМ и претседателот Чадиковски како и Советок на Етика при Медиумите на Македонија  да ги проверат овие „етички“ наоди, и доколку се вистинити да ги повикаат државните институции на правовремена и брза институционална реакција.