Search
петок 24 јануари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Kaмчев ги пере Заев и Шеќеринска биле запрепастени кога дознале, Заев му барал 2 дена време

Премиерот беше запрепастен, не му се веруваше што видел, сведочеше Камчев за моментот кога го известил за „Рекет“

фокус линк

Бизнисменот Орце Камчев денеска во своето сведочење за случајот „Рекет“ појасни дека прв пат за случајот пријавил кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски -Џони, а потоа за се го известил и премиерот Зоран Заев.

-Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел. Потоа ми се јави и ми рече се што имам да однесам во обвинителството, кај обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев, во дел од своето сведочење.

Тој ја спомена и министерката Радмила Шекеринска, за која рече дека Боки 13 ја злоупотребил.

-Бојан Јовановски ми покажуваше и слики со потпретседателката на Владата, но јас знаев дека жената нема врска. Нејзиниот сопруг ми е добар пријател, па жал ми е што излезе таа снимка во јавноста, рече Камчев.

loading...