Search
вторник 10 декември 2019
  • :
  • :

Како поранешната премиерка на Тајланд , осудена за корупција , стана Србинка ?

Премиерката Ана Брнабиќ лично го потпишала државјанството на поранешната премиерка на Тајланд, Јинглак Шинаватра , осудена на пет години затвор за корупција.

српските медиуми објавуваат дека од 2018 владата доделила дури 54  пасоши на странски државјани меѓу кои и на осудената тајландска премиерка.

Шинаватра станала државјанка на Србија на седницата на Владата на 27 . јуни , а решението за нејзино впишување во српско државјанство го потпишала лично премиерката Ана Брнабиќ , додека одлуката била објавена во Службен весник самое еден ден по владината седница, на 28. јуни.

Шинаватра го добила државјанството врз основа на членот 19 од Законот за државјанство , според кој тоа претставува интерес на Република Србија.

Српски ,,Неделник” објавува и дека има многу непознати детали околу државјанството на Шинаватра како дали самата си го земала пасошот , дали доаѓала во Србија, кој ја предложил за добивање државјанство…

Не е познато ниту каде е сега новата Србинка , откако избегала од Тајланд непосредно пред изрекувањето на пресудата за корупција и затворската казна од пет години.

loading...