Search
понеделник 24 јуни 2019
  • :
  • :

Како фирма што должи 16 милиони евра ќе ги чисти државните патишта?

„Македонијапат“ за еден квартал на своите вработени им плаќа бруто плата од 1,12 милиони евра. И за речиси ист период ангажира две приватни фирми со повеќе од 80 машини за чистење снег на државни патишта на кои ќе им плати до 1,56 милиони евра. Логично е прашањето: за што земаат плати во зимскиот период вработените 777 лица во „Македонијапат“?

„Македонијапат“ е државна компанија која на крајот на јуни годинава должи 15,66 милиони евра. Таа на крајот на првото полугодие годинава имала 777 вработени и за првите два квартали лани исплатила бруто плати од 2,29 милиони евра.
„Македонијапат“ деновиве е актуелна во домашната јавноста затоа што на тендер на кој немаше конкуренција меѓу понудувачи на две фирми додели одржување на државните патишта во зимски услови и за тоа за стотина дена услуги ќе плати 1,56 милиони евра.

Од што занеме јавноста?

Државната фирма „Македонијапат“ за по закон е овластена и задолжена да одржува вкупно 4.416 километри државни патишта. Таа има пет подружници: „Автопат“, „Скопје“, „Битола“, „Штип“ и „Велес“. Државната компанија на тендер на две компании ќе им плати до 1,56 милиони евра за да ангажира повеќе од 80 приватни машини за чистење на патиштата во услови на снег.

Истовремено „Македонијапат“, според последните официјални податоци од 30 јуни 2018 година, има 777 вработени и нив им исплаќа 1,12 милиони евра за три месеци (април-јуни 2018 година) . Од јавно достапните податоци на последниот тендер за кој пишувавме се гледа дека „Македонијапат“ ангажира повеќе од 80 приватни машини од кои најголем број камиони за ринење снег и фрлање песок за своите подружници: „Автопат“, „Штип“, „Скопје“ и „Велес“. Единствено во тендерот не се ангажирани машини за подружницата „Битола“.
Од достапните јавни податоци на веб страницата на „Македонијапат“ никаде не може да се најде податок колкусопствени возила за чистење снег има „Македонијапат“?

Како работи „Македонијапат“?

Државното претпријатие буквално чека милостина од ЈПДП односно Јавното претпријатие за државни патишта. Од нив на секој квартал добива по нешто над 4 милиони евра. Значи годишно во „Македонијапат“ влегуваат околу 16 милиони евра. Тоа е повеќе од 90 отсто од приходите на „Македонијапат“. Компанијата во првите два квартали лани имала вкупни приходи од 8,71 милиони евра, а расходите за истиот период биле 9,01 милиони евра. Фирмата е возагуба од 300.000 евра за првото полугодие годинава. Вкупните обврски на „Македонијапат“ до крај на јуни се 15,66 милиони евра.

loading...