Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

Kajмакоски: Јас сум глуп австриски зидар од кај да знам дека сум покажувал двоглав орел?

Кајмакоски за српски „Информер“ тврди дека не знаел дека со рацете го покажува  албанскиот симбол.

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно го покажал со рацете симболот на голема Албанија во текот на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ во Белград.

Кајмакоски пред излегување на сцена со рацете го направил симболот „двоглав орел“и така позирал на фоторепортерите, а со тој потег ја испровоцира цела Србија.

Кајмакоски за српски „Информер“ тврди дека не знаел дека со рацете го покажува  албанскиот симбол.

– Им ги покажував на фотографите своите лакирани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради сè – изјавил Кајмакоски.

Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на сите граѓани на Србија.

FOTO: Informer.rs/Damir Dervišagić
loading...