Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

Јовески ќе и биде шеф на Јанева, а обвинителите на СЈО со пониски плати

loading...

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи да функционира со проширена надлежност, но во рамките на редовното јавно обвинителство. Ова се новините според новото законско решение, со што е предвидено ова обвинителство, кое досега го носеше називот Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да се трансформира во Специјално јавно обвинителство.

Освен прислушувањето, како досега, СЈО ќе може да гони кривични дела што ги извршиле претседателот на државата, поставените амбасадори и други претставници на државата во странство и именувани лица од претседателот на државата, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје и одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето; животната средина и природата; културното наследство и природните реткости; јавни финансии, платен промет и стопанство.

СЈО ќе може да гони дела што ги сториле вооружените сили; дела против службената должност и јавниот ред, како и кривичните дела неовластено одавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од Законот за заштита на сведоците и кривично дело давање лажен исказ, спречување докажување, незаконито влијание врз сведоци, присилба према правосуден работник, спречување службено лице во вршење службено дејствие, ако овие дела се сторени во врска со постапки што ги води специјалното јавно обвинителство.

Исто така новината е што Специјалниот јавен обвинител, во случајот Катица Јанева, ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески и на секои шест месеци ќе треба да му поднесува шестмесечен извештај.

Новина е и тоа што платите на обвинителите од СЈО ќе се намалат и ќе бидат во рамките на обвинителите од Вишото јавно обвинителство. Исто така платата на специјалниот јавен обвинител за 5 % ќе биде пониска од онаа на републичкиот јавен обвинител.

  • Платата на Специјалниот јавен обвинител се определува во висина од 5% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија.
  • Платата на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство се определува во висина на плата на јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство.
  • Специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.
  • Платите и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската стручна служба во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат регулирани со закон и колективен договор.

Во Предлог-законот, меѓу другото,  се пропишува дека Специјалниот јавен обвинител по објавен оглас го избира Советот на јавни обвинители за време од пет години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство по објавен оглас на предлог на Специјалниот јавен обвинител ги избира Советот на јавни обвинители од редот на избраните јавни обвинители на неопределено време.

Новина е и што за да некој обвинител стане дел од тимот на СЈО, ќе треба да има искуство од најмалку 5 години, што досега не беше случај.

loading...