Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

#ЈаПАЛИМЕ, не ја #ДАВАМЕ

#ЈаПАЛИМЕ, не ја #ДАВАМЕ
Во оваа се општа какафноија и малтретирање со глупави мисли, гордо и паметно само извикани, а нуклеарно глупави и расипани, сметам дека треба да се дигне рачна и полека да се објасни.
Организираниот криминал не владее и не продаде кога неговиот глобален газда тоа го побара, а тоа се направи со ТРИ столба, кои мораме да ги урнеме, сега веднаш на овие избори, со #Бојкотирање, нормално.

#СДС / е наследник на СКМ/ПДП, а таа пак на СКМ на почетокот на 90/тите. Целокупната разузнавачка, безбедносна и технократска структура од претходната држава (СФРЈ) беше нејзина стартна позиција. Нормално, САД кажа, а таа пост/комунистичка банда веднаш ја створи ДПМНЕ, на начин што го спои ВМРО на Голубпвски тука во Мк и ДПМНЕ на Богдановски од надвор. Се направи ВМРО ДПМНЕ, за да има спаринг СКМ/ПДП, за да почне да владее, плурално, повеќе партиски.
Улежани старци и црвени полтрони млади, жедни за власт и моќ, почнаа брутално. Шверцаа со СРБИЈА, ја пљачкаа Србија, со ембаргото од Обединети нации. Се напунија со кеш како волови, шверцаа и дрога и цигари, па така натоварени, но и за бизнис некадарни, почнаа со приватизации. Нормално лошо, за бадијала беше се искупено, а за тоа да се случи треба да нема кој да се буни, па обичниот Македонец беше избркан, оставен без егзистенција.
Одкако се зафатија, ама и бизнис и закон поднаучија, се укрупнија и го осниваа ОРГАНИЗИРАНИОТ криминал на Македонија во форма на Олигарси, бивши директори (технократи) денес газди. Монополите веднаш ги поделија на крајот дури после 1995 година, Макпетрол, банките, Топлификации, ОКТА, Фершпед логистики.
Потоа дојде време на големото балканско шифтање, крајот на Југославија и Србија како нејзина наследничка на почетокот на 1999 година, во Март, се бомбардираше суверена држава, без меѓународно право, без објавена војна, ете така ни се може беше пораката на АнглоСаксонците, а европјаните малоумни само ги следеа. За таа цел 5/6 месеци порано донесоа резервна екипа на власт го донесоа Љупчо Георгиевски сосе Доста Димовска есента 1998 година, власт ги сторија. Така бараше нивниот газда, така бараше САД.

#ДПМНЕ / створено од Богдановски ДПМНЕ и Голубовски ВМРО (од маак остаток) за потребите од симулација на плурален живот во Македонија, симулација на некаква примитивна политичка демократија, за прва пат дојде на власт 1998 година есента, за потребите на крајот на Југославија, за потребите на САД, глобално да демонстрираат сила и да го прекршат #МЕЃУНАРОДНОТОправо. Инаку тие вмровците, беа составени од ограбени претходно од приватизацијата на СДС, обични нормални луѓе кои си ја сакаа Македонија, појачани со Циле Топурковски да ги личи, демек имаат писмени луѓе во екипата. Го признаа ТАЈВАН, наменски, КИНА се наљути, стави вето за продолжување на мандатот на сините шлемови кои беа распоредени на Македонската северна граница за да ја штитат тогаш младата Македонија.
Одработија перфектно, да да, овој поетов од Делчево што стана бизнисмен и Циле старата Југословенчуга на Папандреу цимерот, но и на ТИТАН производот, ТИТАН полковникот на ГРУ (Руска воена разузнавачка служба) од беломорието.
Се распарчи, се уништи СРБИЈА, ние сите у комплет станавме Американци, зелени и залетани, со еден збор ГЛУПАВИ. Нормално, Љупчо си правеше што сака исто како пред него СДС, си крадеше буџет на раат, до приватизира се што треба и остана, го произведе Далавера, Орце Камчев во првиот негов бизнис живот, со задоволство масовно ја корумпираше националната партија , попара ја направи и никогаш веќе не стана пак партија.
Брзо паднаа, со БЦ заедно и ДонМијале го ставија неговиот братучед за лидер на ДПМНЕ, буквално го спремија во ДЕА прво на две министерски позиции во мандатот на Георгиевски го извежбаа и го инсталираа исто како Зајеб после десетина години.
Тој пак Грујеб, ја претвори националната партија во корпорација, од политика само фолклор разбираше, наместо ИДЕОЛОГИЈА и активизам политички, изгради огромна и СКАПА структура послучничка. Скапотијата на овој проект, на стварање на силна структура која СЛУША, не МИСЛИ, се дере и тепа и толку, беше наградувана од парите на сите 2 милиони граѓани, од буџетот на Македонија. Токму затоа и Груевски го дигна буџетот на 3 милијарди евра, а кога дојде на власт беше само една. Клептоманијата стана вредност и мерна единица за ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, кој работи со државата е милионер, останатите нека се снаоѓаат, тоа беше економската стратегија на Груевски. Тоја пак како и Љупчо со Циле, се наоружа со СТАВРЕВСКИ, за да може да го менаџира буџетот, арачот, СТАВРЕВСКИ е кључниот Американец кој го демонтираше ДПМНЕ, го спакира Грујо сосе Горде алапачата, кој денес ужива во мир и купишта украдени пари, СТАВРЕВСКИ никој не смее да го спомнува, СЈО најмалку.

#КЛИЕНТИ / Надвор од државниот апарат, од системот, е општеството на поделени и раскарани граѓани кои врзуваат крај со крај, повеќето скршени, без надеж ден за ден живуркаат. Старата народна 100 луѓе 101 табиет дојде до израз, па така и во општеството коие беше по инерција истото од КОМУНИЗМОТ веќе изградено, докторите беа исти, големите хирузи од СФРЈ каде беа големи, истите тие и во независна Македонија беа големите, битните. МАНУ воопшто не се мрдна, кој како умираше од старите комунистички мамути, се заменуваа со нивни деца, роднини внуци, не беше и не е сеуште битен квалитетот, битно е да си послушен на СИСТЕМОТ.
Бранко Тричковски Ви е егземплар најдобар, човекот што пишувал хвалоспеви на пример, за Костојчиновски, Ставревски или Гоговски продложи во 90 тите срамежливо да пишува и за капитализмот, за да денес сите го читате како станал поголем либерал модернист и од Анри Леви стоката. Фрчко е ист таков пример, Ерол Ризаов и сличните, срамните метузалеми кои незнаат да прекинат, чекаат да им се нареди, незнаат без наредби , не се така скроени. Ради информација, Герица, стокава што нон стоп лае, што го фарбав, беше уредник на КОМУНИСТ весникот, со уште еден куп денес политичари и новинари да не се замараме. За се ова што го пишувам сведоци ми се и Мирка и Васко Евтов, сите тројца сме сведоци.
Банкарскиот сектор е бетер, нема шанси гувнерот да дозволи лиценца за директо на било која банка, па и странска да е, ако не е од ергелата на УДБА и КОС, така се договорени, нема БАНКА и толку.
Академската заедница, бетер, па дури и курварлукот и дрогата се строго контролирани од УДБА, а транспортот на истата доколку е за цивилизираната ЕУ е под директни ингеренции на ЦИА.
За спортот им е најтешко да воспостават контрола затоа што Македонците се директно на трибините, се бројат кошеви и голови, но затоа комплетно ги контролираат сите федерации и сојузи, затоа и многу тешко овој народ се пробива во спортот надвор од Македонија.
Камаради, браќа и сестри, знам дека на фејбуков ве мрзи да читате, тажни сте, понижени, навредени, во сопствена држава обесправени, од устав избришани.
Ова е најкратко и симплифицирано до максимум, за да прогледате, се охрабрите, ајде камаради овој СИСТЕМ од погоре опишан, да го казниме, да го зарибаме, цел свет да види дека не е функционален, не употреблив, на нивните газди.
Немањето на ЦЕНЗУС значи дека неможат веќе да ја контролираат оваа територија, ова општество, немањето ЦЕНЗУС е патот до нашата слобода, до нашиот пат да ја ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА на Македонецот, на ЕТНОСОТ , не на ДРЖАВЈАНИНОТ.
Без Македонски народ нема ништо, нема општество, се додека сме свесни за себеси имаме шанса да победиме, престанете да им се плашите. Ќе ја запалиме, но не им ја даваме, нашата #МАКЕДОНИЈА.
#БојкотирамПИ

фб статус Доказмможе и не мора да се согласи со изнесените ставови

Фотографија на ТретаПолитика.
loading...