Search
вторник 12 ноември 2019
  • :
  • :

Jа сакам СДСМ, ама имам и три деца кој треба да ги ранам.

Функционерчиња ( баш функционерчиња, мали, нереализирани, неизживеани ) ќе не погледнете во очи и ќе ни речите: Дечки, ве лажевме, бевте тука кога не ни требавте откако седнавме на функција кој ве е.е, ама сега пак ни требате па ајде гласајте не?! Или ќе дојдете суфистицирано, ќе спакувате лажни ветувања?! И ние како заморчиња, глувчиња, ќе ви веруваме, и ќе си речиме ајде уште овој пат, па после ќе ги казниме?! Стотина пати имам кажано, дпмне и да ги стрелаш, ќе гласаат за дпмне. Во сдсм има зрело, образовано членство кое размислува со своја глава. Во меѓувреме, кога ќе ветувате читнете си порачиња, што сте ветиле а не сте исполниле. Ќе се надоврзам на еден статус на еден мој пријател кој многу го почитувам: Ја сакам сдсм, ама имам и три деца кој треба да ги ранам. А Вие функционерчиња, смејте ни се сега од некоја кафеана, која и таа ви ја плаќаме ние, и после чудете се од резултатот на избори. Претседателските беа само блага форма. Сега да си ги барате овие што има дадовте вработување, па Комисии, па оние што зајдоа со вработување на децата па малку им било па незадоволни биле, требало и кучето во мвр да го стават. Ние што ќе почекаме/и чекаме сега ќе одмориме и за промена ќе си ги гледаме децата затоа што од улица, од протести, од кампањи не си ги видовме. А да и бришете не од пријатели, затоа што вистината плесната во лице боли, ама народот брише на избори. Имајте на ум. Нас животот во време на сдсм и во време на дпмне драстично не ни се промени, ама вие кошулките не можите да ги закопчате само од кркање на државна сметка а да не зборуваме за се друго.

Ивана Божиновска фб статус

loading...