Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Иванов и Заев ќе го пречекаат папата на скопскиот аеродром пак ВМРО И СДСМ ќе соработуваат како во бомбите

на 7-ми мај во 8:30 часот од Софија на скопскиот аеродром ќе слета поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. На меѓународниот аеродром Скопје со највисоки почести ќе го пречекаат шефот на државата во заминување, претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

Во авионот со кој ќе пристигне папата се и високодостојници од Ватикан и 65 новинари кои ќе ја следат неговата посета на Софија и Скопје. Новинарите кои патуваат со папата се од европските медиуми и новинарски агенции тие ќе искешираат по околу 6 илјади евра за да бидат во придружбата и да ја следат оваа прва посета на папата на Македонија.

Безбедноста за време на престојот на папата во Скопје ќе биде од највисок прв степен а 7-ми мај ќе биде неработен ден во Македонија. Автобусите на ЈСП се планира тој ден да возат бесплатно а најверојатно ќе има и бесплатни возови за оние од внатрешноста кои ќе сакаат да дојдат во Скопје за да присуствуваат на литургијата на папата на плоштадот во Скопје.

Папата од спомен куќата на Мајка Тереза каде што ќе се помоли и ќе има заедничка средба со бискупот на Католичката црква во Македонија, на поглаварот на МПЦ-ОА и на поглаварот на ИВЗ во Македонија, со неговиот папамобил ќе биде префрлен на плоштадот на бина која ќе биде поставена и според првите проценки пред најмалку 15 илјади верници и граѓани кои ке набават бесплатни билети за присуство ќе има обраќање со пораки за мир.

Пред спомен куќата на Мајка Тереза папата ќе има средба со сиромашни луѓе а пред католичката црква во Скопје ке одржи света литургија а во дворот на црквата ќе се сретне со млади луѓе и преставници од невладини и хуманитарни организации.

Со Иванов и Заев средбата ќе биде во претседателската резиденција на Водно веднаш по пристигнувањето во Скопје. Најавено е и присуство на верници и граѓани од земјите во регионот кои ќе допатуваат во Скопје кои ќе ја следат посетата на папата а само од Хрватска веќе се најавени илјада лица.

Бесплатните билети за оние што ќе се пријават ќе се делат на пунктови на католичката црква а задолжително е и лична карта или пасош за идентификација. За оние што не се пријавени обраќањето на папата ќе можат да го следат од улицата Македонија и ќе бидат поставени видео бимови на кои ке оди директниот пренос од МТВ, Еуро њуз и другите домашни телевизии.

Околу 400 новинари странски и домашни се акредитирани за известување на посетата на папата во Скопје. Од безбедносни причини нема да биде дозволено согласно протоколот на Ватикан, снимање со дрон од обраќањто на папата од плоштадот.

Два часа папата ќе има приватна средба со бискупот на Римокатоличката црква во Македонија во неговата резиденција во Скопје.  Според протоколот папата ќе замине со неговиот авион околу 18:30.

Од македонскиот протокол брифираат дека оваа прва посета на папата на Скопје за која имал покана уште пред 20 тина години е историска и оценуваат дека е историска и дека е тој највисока светска личност кој ќе ја посети нашата држава.

Тие велат дека оваа посета доаѓа по разрешувањето на недоразбирањата што Република Северна Македонија ги имаше со соседите, пред се со решавање на спорот за името со Грција со Преспанскиот договор. Посетата има верски и државнички карактер бидејки папата не е само поглавар на Римокатоличката црква туку е и на чело на државата Ватикан.

Од македонскиот протокол најавуваат кампања со спотови со информации за граѓаните за се околу престојот на папата. Информативните спотови ќе бидат емитувани во деновите пред доаѓањето на папата на домашните телевизии.

Протоколот на Ватикан за посетите на папата, пред се од безбедносен карактер е познат како еден од најсложените и заради тоа преставници на македонското МВР веќе беа во Ватикан за договор на сите детали за се да помине во најдобар ред и според правилата на протоколот на високиот гостин.

Истовремено од протоколот на Ватикан во земјава присутни се лица кои даваат инструкции за сите детали како треба да биде организиран престојот на папата.

Од Катедралната црква Пресвето срце Исусово велат дека заинтересираните граѓани од внатрешноста не мора лично да доаѓаат еднаш да земат пропусници, а потоа и на 7 мај, туку може само да се јават на телефонскиот број 02 3229 167, по што ќе бидат евидентирани на список.

loading...