Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Истражител на СЈО земал 54.000 евра, плата од МВР, службен автомобил и се чаламел со кафиња и пури

Неверојатни 54.000 евра инкасирал истражител на СЈО, кој освен паушалите добивал и плата од МВР, а комплементарно користел и службен автомобил и телефон. Сето тоа во услови кога во земјата се поинтензивно е исселувањето на младите, се зголемува бројот на сиромашни граѓани, а просечната плата се дава – што би рекол премиерот, во плико

 

Златко Јакимовски, истражител на СЈО инкасирал 54.000 евра за испрашување на сведоци под изговор дека паушалот се исплаќа на основ на доверливост. Истиот овој истражител во исто време добивал и плата од МВР, но и службен автомобил и телефон.

 

Но, наместо да истражува, истражителот кревал чалам по социјалните мрежи со пури и кафиња. Со работа, ретко кој може да се пофали од вработените во СЈО, ако имаме во предвид дека ниту еден предмет не доби своја разрешница.

Јакимовски инаку, бил дел на „шарената револуција“, а неофицијално е и член на СДСМ.

loading...