Search
недела 21 април 2019
  • :
  • :

Исфрустрирана шефица со набиени комплекси ми се дере и добивам само нервози, мала плата и губење на моето здравје: Исповед на касиерка

Работев во маркет 7 месеци, бев касиерка, а повремено бев и на штандовите, на редење на роба.

Работата не ми беше толку физички тешка, колку што психички се уморував. Еднаш на две недели, а некогаш и воопшто, месец, два сум немала слободен ден, цело време на нозе, работното време ми беше 8 часа, а јас останував деве, десет.

Кога бев втора смена, место во 24 часот кога требаше да си одам дома, јас си одев во 1 по полноќ бидејќи не враќаше по 3 пати да ја броиме касата.

Исфрустрирана шефица со набиени комплекси, газда кој што не излегува од маркетот 24/7 и цело време гледа во камерите и чим види секунда да направиш муабет со колешката веднаш на рапорт кај него, зошто, што и како.

Цело време на штрек дека во секој момент газдата може цела нервоза да ја исфрли на тебе или шефицата своите комплекси ќе ги лечи на вас.

Ако фали нешто од робата, или не се продало тоа што им поминува рокот, од вработените бара да го платат тоа секој месец по 500 денари, па ако платата е пример 8000, фактички е 7500 ,а некогаш не ни ги имаше тие пари, демек во криза бил маркетот.

Значи, на крајот се добиваат еден куп нервози, мала плата, страдање на здравјето и недоволно време за самите себеси, а камоли за нешто друго.

Ете таква е работата во повеќето од маркетите, секако со чест на некои исклучоци.

Извор: Галама

loading...