Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ИМУНИЗАЦИЈАТА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕТО И НАЦИЈАТА

loading...

Деновиве настана голема медиумска кампања против Имунизацијата (вакцинација) насочена против Министерството за здравство и министерот Венко Филипче!Секако дека таквата негативна кампања е иницирана од одредени политички центри на моќ, а со една единствена цел -Употреба на деца за политички виши глупирања.Неспорна е грешката која ја направила Фирмата „МАКЕОДНИЈА ЛЕК“,тоа секако дека преставува иницијална каписла за подетално истражување во работењето на самата компанија ,за што веќе се испратени соодветни испекции од Министерството за здравство,а и ЈОРМ веќе покренало истрага ,со кооја истрага ќе се утврди дали станало збор за техничка грешка -пропуст кој секако е казнив , или можеби има друга позадина!?

Во секој случај Венко Филипче ќе истакне :„Актуелниот опфат со примоимунизација е намален освен за вакцината против туберкулоза (96,8%) и изнесува за повеќето вакцини 91,1 %, за МРП вакцината 82,6 %, а најнизок е за ХПВ -48%. Овој опфат е најнизок до сега споредбено со години наназад. Факт е дека последните 3 години опфатот постепено опаѓа како резултат на антивакциналните кампањи, што е глобален проблем, а не само кај нас. Со овој опфат не се обезбедува колективен имунитет и можно е појава на епидемија на морбили кај нас, имајќи го во предвид летниот период и поголемата раздвиженост и патувања. Да напоменам дека епидемија на морбили има и во Грција,Во потполност се гарантира за квалитетот на вакцините, затоа што истите се од реномирани производители од земји на Европската унија (Франција, Белгија, Бугарија) одобрени производители од страна на СЗО кои ги исполнуваат сите потребни стандарди. Вакцините од производителот до краен корисник – децата, се транспортираат, складираат и чуваат на соодветна температура од 2-8 степени. Секоја пратка се прима и проверува од страна на преставници од Министерство за здравство и Агенцијата за лекови, а Агенцијата за лекови по опсежните анализи издава одобрение за пуштање во промет. Да напоменам дека овие вакцини се употребуваат и во земјите каде се произведуваат .Вакцинацијата е колективна одговорност. Антивакциналното лоби потребно е да мисли за здравјето на сите деца  и спречување на појава на епидемии на заразни болести, особено за оние деца кои од медицински причини не се во можност да се вакцинираат (истите се заштитени со колективниот имунитет). Каде е сега совеста на антивакциналните струи во Србија, каде во епидемијата на морбили има и смртни случаи, зарем немаат грижа на совест за негативната кампања и замајување на родителите? Ширењето на невистини, замајување на јавноста, а со тоа предизвикување на штета по здравјето на населението сметам дека не треба да остане несанкционирано.“.

Што преставува Вакцинација или Имунизација?

Вакцинација или Имунизација , претставува администрација на антигенски (Во имунологијата, антиген, односно генератор на антитела, е секоја супстанција која служи како таргет за рецепторите на стекнатиот имун систем, T-клеточниот рецептор, B-клеточниот рецептор или неговата секретирана форма, антителата.)матријал (Вакцина) со цел стимулирање на имуниот систем на личноста да развие адаптивен имунитет на патоген. Вакцините можат да го превенираат или ублажат морбидитетотод инфекција. Ефективноста на вакцините била темелно испитувана и потврдена на  пример за тоа се, вакцината за грип, ХПВ вакцината, и вакцина за овчји сипаници.[Вакцинацијата е најефективен метод за превенција на инфективни болести на  глобалниот имунитет кој се постигнува благодарение на вакцините е одговорен за светска ерадикација на големи сипаници и намалување на инциденцата на болести како што се детска парализа, мали сипаници, и Тетанус во поголем дел од светот. Светската здравствена организација (СЗО) известува дека до денес достапни се лиценцирани вакцини за превенција или помош при превенција и контрола на дваесет и пет инфекции.

Активниот агенс на вакцините може да биде интактна но инактивирана (неинфективна) или атенуирана (со намалена инфективност) форма на причинувачкиот патоген,или пак прочистени компоненти на патогенот кои имаат голема имуногеничност (пример, протеини на надворешна обвивка на вирусот). Токсоиди се произведуваат за имунизацијапротив болести предизвикани од токсини, како што е случајот со модификација на тетаноспазмин токсин на тетануспри што се отстрануваат неговите токсични ефекти а се задржува имуногеничниот ефект.

Големи сипаници се првото заболување за кое се направени обиди за превенција со самоинокулација  и првото заболување за кое е произведена вакцина. Вакцината за големи сипаници била создадена во 1796 од страна на британскиот доктор Едвард Џенер,иако најмалку шест други научници користеле слични принципи во годините пред нејзиното создавање.

 Луис Пастер продолжил да го развива концептот преку неговата работа во полето на микробиологија. Имунизацијата била наречена Вакцинација поради тоа што првата вакцина била произведена со помош на Вирус кој ги афектирал кравите(Латински: vacca—крава).

Големите сипаници биле инфективна и смртоносна болест која причинувала смрт кај 20–60% од инфицираните возрасни лица и над 80% кај инфицираните деца. Кога големите сипаници биле конечно ерадицирани во 1979, бројот на мртви од оваа болест достигнал околу 300–500 милиони луѓе во дваесетиот век.

Зошто е неопходна вакцинацијата на новороденче?

Некои родители сметаа дека вакцинацијата е опасна за нивното дете или, мислат дека болеста е толку ретка, па нема потреба детето да се вакцинира!! Меѓутоа со зголемениот број на невакцинирани деца, расте и можноста за појава на некои тешки заразни заболувања. Целта на вакцинирањето не е само да се заштити вашето дете, туку некои болести да се искоренат на глобално ниво.

Честа е појавата на озборување дека Вакцините како њјус производ создавале Аутизам!Секако дека спроед сите истражувања на СЗО,ваквите паушални наводи се комплетно неосновани.Во ниту едно испитување кое го спровело СЗО ,а рска вакцинацините ,не е докажан љјус продукт на вакцините како основа за болеста Аутизам.Доколку би се знаела причината која доведува до Аутизам , тогаш сигурно ќе бил пронајден и соодветен лек за лекување на ваквата болест.Во огромен дел на болести ,главна предиспозиција секако е и ДНК профилот на личноста ,кое детето го наследува од своите родители ,а и од своите потесни роднини од минатото.

Сите деца заслужуваат подеднаква можност да водат здрав живот, а вакцинирањето е еден од витално важните први чекори за остварување на оваа цел.
Децата помали од 5 години се под посебен ризик од сериозни компликации па дури и смрт од болести што може да се спречат со вакцини. Вакцините дадени во согласност со календарот за рутинска имунизација што го има секоја држава обезбедуваат најдобра можна заштита за децата кога истата им е најпотребна.Блокирајќи го натамошното ширење на болестите, вакцинираните деца им помагаат на оние околу нив да бидат заштитени. Тука станува збор за братчињата или сестричките кои се премали за да се вакцинираат, соучениците со посебни здравствени состојби и дедовците и бабите во поодмината возраст. Вакцинирањето на децата против хепатит Б во нивната прва година од животот и против хуман папилома вирусот (HPV) во годините пред тинејџерското доба (т.е. пред да наполнат 13 години) помага да бидат заштитени од неколку форми на рак.
Вакцинирањето на децата против патогени микроорганизми кои може да предизвикаат пневмонија помага да се намали употребата на антибиотици, а со тоа и заканата од антимикробна резистенција. Дивиот полио вирус е ендемски во само уште три држави во светот.
Глобалната ерадикација на полиото е на дофат, но за истата да се случи потребни се претпазливост и континуирано висок опфат со имунизација насекаде, заради сигурност дека вирусот веќе нема каде да оди.

Вакцинирањето не е само за деца. Имунизацијата, преку ревакцинации и вакцинација против HPV, продолжува и во адолесценцијата за да ги заштити децата што подалеку во иднината. Имунитетот од дифтерија, тетанус и голема кашлица може да се намали со тек на време, па затоа се потребни ревакцинации со комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и голема кашлица за време на адолесценцијата и повторно во возрасното доба за да се остане заштитен.  Раната адолесценција (9-13 годишна возраст) е посакуваното доба за примање на вакцината против хуман папилома вирусот (HPV), која помага за заштита од рак на грлото на матката и од други болести поврзани со HPV. HPV е широко распространет сексуално пренослив вирус, а ракот на грлото на матката стана една од водечките причини за смртност кај жените. Вакцината против HPV, дадена по можност пред првата сексуална активност на девојчето, претставува прв чекор за сеопфатна превенција и контрола на ракот на грлото на матката. Адолесценцијата е исто така период во кој може да се надокнади претходно
пропуштеното во вакцинирањето против болести што се опасни на секоја возраст, меѓу кои се малите сипаници, рубеолата, тетанусот, дифтеријата и менингитот. Девојките треба добро да знаат каква опасност по нероденото дете носи евентуална зараза со рубеола и затоа треба да примат вакцина против рубеола пред да забременат.

Вакцините нудат заштита на секоја возраст. Редовното вакцинирање Ве штити и Вас и тие околу Вас од сериозни и потенцијално смртоносни болести.  Многу луѓе се подложни на мали сипаници и други болести што може да се спречат со вакцини без да го знаат тоа. Календарите за рутинска имунизација се прошируваа со текот на времето, па така за голем број лица кои денес се возрасни немало одредени вакцини, што денес ги има, на времето кога биле деца или адолесценти.Заштитата што ја обезбедуваат одредени вакцини слабее со текот на времето. На возрасните им се потребни ревакцинации за дифтерија и тетанус заради стекнување доживотна заштита.
Неколку вакцини се препорачуваат за групи што се под посебен ризик заради нивната возраст, професија, стил на живот или здравствена состојба. Овде се мисли на вакцинацијата против грип, голема кашлица и тетанус за бремените жени; вакцинацијата против грип и во некои земји против Херпес зостер за постари ворасни лица; и вакцинацијата против хепатит Б и менингококни бактерии за здравствени работници кои се под ризик од изложување.  Здравите возрасни лица што ќе заболат од болести што може да се спречат со вакцини може истите да им ги пренесат на други подложни лица кои може да бидат под висок ризик од сериозни компликации, како на пример бебиња, лица со нарушен имунитет и возрасни постари од 65 години.

Ставот што еден здравствен работник го има кон вакцинацијата има силно влијание врз одлуката што ќе ја донесе пациентот, односно родителот. Лекарите, медицинските сестри и акушерките имаат витално важна улога која се состои од информирање на нивните пациенти за вредноста на вакцините.

komercijala

loading...