Search
вторник 12 ноември 2019
  • :
  • :

Има ли владин функционер што ургирал осомничена фирма да добие државна помош, прашува Топлификација

Во врска со доделената државна помош на осомничената фирма од Управата за финансиска полиција ТЕ-ТО, акционерите на Топлификација решија јавно да постават неколку прашања до Владата.

„Дали Владата знае дека друштвото ТЕ-ТО, во периодот кога се реализирала инвестицијата, морало да плаќа даночни долгови за ДДВ на граница при увозот на опремата. При увозот на главната опрема за ТЕ-ТО, гасната и парната турбина кои се транспортираа од солунското пристаниште до Скопје со специјален транспорт, мораше да се плати даночен долг од околу 12 милиони евра. Тогаш инвеститорите на ТЕ-ТО, Топлификација и рускиот партнер ги платија сите законски даночни обврски веднаш, со земање на кредити од банки или од сопствени средства. За таа цел Топлификација се задолжи во домашна банка пет милиони евра. Вкупниот даночен долг од 12 милиони беше повратен од државата за една и половина година. Значи, во тој период ТЕ-ТО бил кредитор на државниот буџет“, прашуваат од Топлификација.

Второто прашање е дали Владата го прашала ТЕ-ТО зошто не зема кредит од комерцијални банки да си го плати даночниот долг, кога веќе оствариле добивка од 120 милиони евра и направиле даночен долг кон државата од 12 милиони евра и со тоа што не ги плаќале аконтациите на даноци во 2019 година, го зголемиле даночниот долг на 20 милиони евра без никакви последици по осомничената фирма.

Дали Владата бсе обратила до ОЈО Скопје и до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за да праша во која фаза е истрагата за лажниот стечај на ТЕ-ТО.

Дали Владата, давајќи државна помош на осомничена фирма станала банка кредитор на осомничени фирми.

Дали има функционер во Владата кој посебно ургирал за ова кредитирање на осомничена фирма.

Од Владата за Фактор велат дека формата на државна помош која и е доделена на ТЕ-ТО, а за која веќе пишувавме е одложување на даночниот долг на фирмата кој УЈП. Во моментов и Обвинителството за организиран криминал и корупција води истрага за предметот и е пред носење обвинителска одлука.

„Согласно Законот за државна помош Владата донесе одлука за одложување на плаќањето на даночниот долг. Станува збор за единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, допринесува за поголем БДП на државата како и за подобрување на енергетската сигурност. Во интерес на државата е објектот да работи без запирање, велат од Владата за Фактор.

loading...