Search
сабота 23 февруари 2019
  • :
  • :
loading...

ИГОР ЛАЗАРЕВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ КИЧЕВО ДИВЕЕЛ И ПРЕТЕПУВАЛ ЛИ СТАРЦИ ВО СЕЛО ПОПОЛЖАНИ?!

loading...

В’чера ,во село Пополжани Општина Кичево дошло до тешко нарушување на Јавниот ред и мир , во кое нарушување учествувал и Игор Лазаревски ,претседател на ОО СДСМ Кичево. како што дознава редакцијата Охридскај ,најнапред лицето Владимир Гиноски 70 годишен жител на селото Пополжани од својот прозор испукал неколку куршуми во воздух од Пиштол марка „Застава 7,62мм“.Од како Гиноски го завршил испукувањето , во неговиот дом пристигнал Игор Лазаревски придружуван со неколку лица , ја скршил влезната врата на домот на Гиноски,при што физички го нападнале Гиноски и неговата сопруга , а воедно и го демолирале домот на Гиноски.Од страна на Гиноски настанот бил пријавен во ПС од ОН Кичево,а екипи на полиција пристигнале на местото на настанот.Како што дознаваме веднаш бил известен дежурен Јавен Обвинител во Кичево,при што лицето Гиноски бил лишен од слобода поради употреба на огнено оружје ,кое го извршил спротивно на Закон за поседување на оружје, но и биле повикани и Лазаревски и останатите учесници во физичкиот напад врз Гиноски.

Од МВР за Охридскај го потврдуваат настанот ,но потенцираат дека Полицијата во овој случај работи по наредба на Јавен Обвинител, додека за настанот ќе се произнесат во текот на денешниот ден.

Охридскај

loading...