Македонија

Идниот кандидат за пржински Министер го ремети сегашниот Оливер: Ти бе Спасовски повеќе слики со Боки имаш одошто со твојата сопруга

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 05:11 (+02:00)
Фотографија на Орце Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски

Господине Спасовски,

Повеќе слики по социјалните мрежи имате со Боки 13 отколку со сопствената сопруга. Боки Тредичи, Ви беше драг и чест гостин во вашиот кабинет. Вие му бевте нему драг и чест гостин во неговата, како што Заев ја нарекува, провладина телевизија. Сакавте да седите до него на секоја свеченост и на сите јавни настани и прослави каде што можевте да бидете видени заедно. Знам дека не ви беше само заради тоа што ве привлекуваше неговиот стил на облекување и стил на живот на висока нога. Свесно испраќавте порака дека медиумски тој стои зад вас , а Вие стоите зад него. Вистински партнери !

Впрочем затоа и Ве прозивавме и јавно, со аргументи, говоревме дека сте во коалиција со криминалот. Денеска гледаме уште еден доказ за вашата блискост со медиумско-обвинителско-политичкиот рекет октопод. Во судница беше сведочено дека сте биле на редовна телефонска врска со Боки 13.

Ниту мене, ниту јавноста ќе ја убедите дека сте биле постојано во контакт со Боки 13 само од љубов или пријателство. Искрено, јас сум убеден дека заедничкиот интерес треба да се бара на друго место. Дали е тоа рекетот, односно изнудата на десетици милиони евра од бизнисмени, се надевам дека ќе покаже истрагата .

До тогаш, со што планирате да не насмеете и да се оправдате зошто еден министер за внатрешни би бил во постојан контакт со еден шоумен и рекетар ? Само немојте да ни кажувате дека сте биле толку неспособен како министер и не сте знаеле за рекет системот на Боки 13 . Немојте да не потценувате дека како прв човек на МВР само Вие не сте имале информации за изнудите на Боки 13 кога не постоеше човек во Македонија кој не се чудеше од каде таков луксуз кај еден шарлатан. Демек само на министерот не му било чудно од каде Боки 13 си носи чевли и одела кои вредат десетици илјади евра ? Демек нормално е некој да се шета со торбички од по 5 или 10 илјади евра , а да не плаќа даноци ? Што па министер за полиција би истражувал од каде парите ?

Да не бидеме наивни и да не ги потценуваме граѓаните. Русковска досега не ве опфати со истрагата и ви остави време да смислите алиби за вашите контакти со Боки 13 чиј телефон мистериозно исчезна. Соработувајте со органите за прогонот и кажете ја вистината и вашата улога во случајот Рекет. Правда знаете дека ќе има и сите пипци на октоподот ќе бидат откриени откако институциите ќе почнат да функционираат после 12 април.

Фотографија на Орце Ѓорѓиевски.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker